Во случај на помал дефект на вашето возило на пат, нашиот стручен тим ви е достапен за помош 24/7 на целата територија на нашата земја:
Со 9 бази и повеќе од 20 специјализирани возила за помош на пат во сите поголеми градови во државата, АМСМ Службата за помош и информации на пат ви овозможува брза интервенција каде и да се наоѓате на целата територија на нашата земја
Професионалниот тим од над 45 стручни возачи-механичари со долгогодишно искуство и повеќе илјади интервенции годишно, е нашата гаранција за висок квалитет на услугите за помош и отстранување на дефекти на пат.
Во случај на потреба од помош на пат, 24/7 достапен ви е нашиот Контакт Центар, кој работи 365 дена во година и кој располага со 10 агенти соодветно обучени да ви обезбедат брза и сигурна помош на пат каде и да се наоѓате.
Со АМСМ членските картички интервенциите за помош на пат во земјава се бесплатни.
од странство
од странство
од странство