ZENVO TSR-S-ОД ТИЕ НАЈБРЗИТЕ, АКО МОЖЕ

30/04/2020

Нешто на брзата трака од пистата, невообичаено и несекојдневно, но вистинито и сето тоа од данската кујна. Кој би рекол дека и таму автомобилската индустрија фаќа корени. Сепак не се чудете толку многу, затоа што Хенрик Фискер е од таа земја, а покрај него и „мистер ле ман“ односно Том Кристенсен, човекот со најмногу победи на легендарната трка на издржливост 24 часа Ле ман.

Автомобилот „зенво тср – с“ е молскавично брз. Моделот „тср“ е тркачка изведба, но конструкторите со мали измени и секако соодветна хомологација направиле изведба наменета за секојдневна употреба, а тоа „с“ на крајот значи улица од англиски „стрит“ (или суперфаст – супербрзо). Купето е речиси целосно направено од карбон фибер и воедно прв автомобил со тркала направени од претходно спомнатиот материјал и тоа од „домашно“ производство. Резултатот е минус 15 килограми во однос на алуминиумските тркала.

Неговиот 5,8 литарски V8 мотор со двоен супер полнач (не турбо) развива неверојатни 1177 КС со кои автомобилот постигнува 100 км/ч тргнувајќи од место, за 2,8 секунди. Крајната брзина е електронски ограничена на 325 км/ч. Засега толку за оваа улична „ѕверка“ која можете да ја купите за 1,5 милиони евра, а во следното издание од „АМСМ Клуб Мобилити“ ќе го „разгледаме“ во детали, од најмал до најголем затоа што заслужува.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.