Шангајскиот салон за автомобили мина во знакот на домашната автомобилска индустрија. Бројни компании ги прикажаа своите најнови остварувања на полето на автомобилите. Една таква компанија, речиси непозната за светската јавност претстави лимузина од средната класа, односно комбилимузина, која, според класите, е директен конкурент на познатата компанија Тесла и нејзините автомобили. Штотуку претставениот модел „тесла 3“ доби контра удар од Кинезите и новоформираната компанија „Икспенг Моторс“. Според димензиите кинескиот автомобил малку е поголем од теслината „тројка“ и неговата автономија е поголема за 130 километри од „тројката“, односно со Ретки се моментите кога некој од производителите на автомобили ќе излезе со соопштение дека подготвува погонска единица која ќе се прави рачно и тоа само од едно лице, од мајстор на својот занает, вистински експерт. Токму на опишаниов начин Мерцедес ќе произведува реден четирицилиндричен бензински мотор со зафатнина од 2,0 литри, односно 1991 ссм, засилен со турбо полнач со чија помош од моторот ќе се извлечат 421 КС или 210,5 КС на еден литар зафатнина. Новите конструкторски решенија допринеле моторот да е покомпактен, а тоа допринесува истиот да се вградува во поаеродинамични облици или подобро да едно полнење на батериите „икспенг п 7“ изминува скоро 630 километри. Должинските сантиметри „застануваат“ на 4,9 метри со меѓуоскино растојание од три метри. И сега верувале или не, по само осум до девет часови од светската премиера, фабриката добила нарачки за 3.387 примероци кои ќе стигнат до сопствениците во втората половина од наредната година. Не само подобар од „тесла 3“ со неговите 630 километри, туку и забрзувањето од 0 до 100 км/ч е подобро за 1,6 секунди од теслиниот модел, односно забрзува за 4,0 секунди. Тука приказната не завршува, силината ја произведува двоен електричен погон кој се распределува на сите четири тркала. Цената? Цената на „икспенг п 7“ е пониска за 15.000 долари во однос на „тесла 3“.