XIAOMI SU7-ШАОМИ И НЕГОВИОТ ПРВ АВТОМОБИЛ

11/01/2024

Марката Шаоми кај нас е позната по мобилните телефони, по таблетите, батериите, разната електронска галантерија и во последно време по тротинетите на електричен погон. Автомобилската индустрија во Кина е на многу високо ниво и во најскоро време очекуваме оваа држава да биде водечка буквално во сите сегменти од спомнатата индустрија.

Шаоми отиде чекор понапред од електронската индустрија и сериозно влезе во автомобилската, толку многу сериозно што во првата половина од годинава ја најави светската премиера на лимузината „су 7“. Автомобилот поседува дури пет метри (4.997 мм) во должина, така што за очекување се двата оддели за товар, класиката со зафатнина од 517 л, а тој напред располага со 105 л. простор.  Лимузината е широка речиси две метри (1.963 мм) и висока 1.455 мм. додека растојанието од предната до задната оска е точно 3.000 мм. Ќе биде повеќе од занимливо да дознаеме што сега мислат старите, докажаните производители на лимузини.

Производителот ќе лансира две изведби, „су 7“ и „су 7 макс“. Првата има погон само на задните тркала, додека втората погон на сите тркала и силина исто како да е некој модел од Ламборџини – 646 КС и дури 838 Нм. Што е многу, многу е, дури и премногу, да има крила ќе полета – од 0 до 100 км/ч за само 2,8 сек, крајна брзина 265 км/ч и 800 км со едно полнење на батеријата. Изведбата „су 7“ која има погон на задната оска е поумерена, само 299 КС и 400 Нм вртежен момент, додека забрзувањето и крајната брзина се во границите на нормалното (до некаде), – 5,3 сек. и 210 км/ч. и радиус на движење од 668 км со едно полнење на батеријата.

„Тесла модел с“, „порше тајкан“ и на нив сличните добија сериозен противник на пазарот. Да видиме како „шаоми су 7“ ќе се справи со веќе докажаната конкуренција.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.