XIAOMI MS11-НЕ Е ТЕЛЕФОН, ТУКУ АВТОМОБИЛ

06/02/2023

Ми или Шаоми тргнува да прави сериски автомобил. Минатата година најавивме дека електронскиот гигант Шаоми е длабоко навлезен во автомобилската индустрија. Од телефони, компанијата влезе во бизнис на четири тркала, а конкуренцијата нека му ја мисли. Најнапред производителот ќе биде свртен на домашниот пазар, но бидејќи располага со врвна технологија, најверојатно за кусо време автомобилот ќе биде распространет низ целиот свет.

Сета работа за автомобилот кој допрва треба да излезе од производство „пукна“ кога дел од светските јавни гласила објавија неофицијални фотографии направени од популарно наречените папараци. Тие фотографии го обиколија светот и преку нив јавноста го дозна името на автомобилот, „мс 11“. Камери наместо ретровизори, мноштво сензори, односно автомобилот ќе биде целосно дигитализиран, како да е излезен од некој научно фантастичен филм.

 

Единствено му фали научно фантастичен дизајн за сликата да биде во духот на електронскиот свет. Од тоа што досега е познато, неофицијално, автомобилот е целосно електрифициран и во себе има два електромотори со вкупна силина од 354 КС, а батеријата е од тие кои се полнат ултра брзо. Колку е тоа ултра брзо ќе дознаеме кон крајот на годинава или на почетокот од идната за кога е закажана продажбата. Треба само да причекаме за да видиме што ќе се случи со „шаоми мс 11“. Фотографиите се на Шаоми, а не од ловците на сензации, тие фотографии нема да ги објавиме, туку само официјалните кога ќе бидат пуштени во етер.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.