VW GOLF R-ПОСЕБНИОТ „Р“

23/03/2021

Изведбата „р“ продолжува да се негува во семејството. Тоа значи изведбата ќе ја видиме и во осмата генерација од популарниот фолксвагенов модел „голф“. Тоа „р“ е нешто како „рејсинг“, но не во вистинска смисла на зборот, туку повеќе како ознака со која се нагласуваат врвните брзински способности на моделот, но во класата на туристичките автомобили, а не во класата на тркачките автомобили.

Толку за и околу тоа „р“ во името на „фолксваген голф р“, сега ќе ја наведеме силината со која располага четири цилиндричниот 2,0 литарски турбо мотор со ознака „тси“ – само 315 КС. Но и тоа не е сè. Сите „голфови“ досега, а се пет на број, имаат погон на сите тркала. Тоа што може да го направат автомобилите со погон на сите тркала на лизгав коловоз, автомобилите со погон на две тркала може само да сонуваат. И како јаготка на шлагот одозгора доаѓаат 315 КС, а нивната експлозивност доаѓа до израз преку турбо компресорот. Нагласивме за распоредот на силината на двете оски, но не кажавме кој е одговорен за преносот на силината. Сопственикот може да бира помеѓу обичниот менувач со шестстепени или молскавично брзиот „дсг“ менувач со седум степени на преност преку двојна спојка. Овој менувач е молскавично брз, но, исто така, и двојно потежок од обичниот, односно 79 кг наспроти не цели 45. „Фолксваген голф р“, автомобил за терање мераци, така накусо може да се опише петтата генерација од изведбата „р“, но истово важи и за претходниците. Тие што планираат да го купат ова убаво чудо од Фолксваген треба да почекаат до наредната година за кога производителот ја најави продажбата.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.