VOLVO CONCEPT RECHARGE-ТРАДИЦИЈАТА Е ЗАЧУВАНА

07/07/2021

Толку посакуваната електрична сегашност дури и за Волво е далечна иако неодамна претстави концепт електромобил именуван како „ричарџ“. Да, концепт, кој сè уште не е сериски електромобил.

Некаде кон крајот на 2018 година Волво вети дека од неговите производни хали во 2020 година ќе излегуваат исклучиво електромобили. Тоа не се случи, но еве сега ја претскажува својата иднина преку концептот „речарџ“. Секако дека „волво концепт ричарџ“ е во манир на долгата традиција, оштри линии и караван изведба, а во поново време „сув“ изведба. Од светла до преден дел, задниот дел, профилот, секоја педа потсетува на Волво. Концептот е токму каков што треба да очекуваме од Волво, а кога вели дека најнапред ќе бидат целосно електрифицирани моделите „икс ц 40“, „икс ц 60“ и „икс ц 90“, всушност значи поддршка за традиција во која се содржани сите препознатливи нешта на Волво.

Како однадвор така и во внатрешноста автомобилот зрачи со едноставност и далеку од тоа дека е пренатрупан со сè и сешто. Напротив, колку помалку толку подобро, тоа е во битот на тамошната култура, а колку нештата се поедноставни, толку се посовршени. Сега е јасно зошто најновото возило од Волво е скоро исто со тамошниот начин на живеење – каква внатрешност нуди Волво, такви се домовите на луѓето од каде потекнува марката.

Ако минимализмот е главната порака од тој дел на светот, тоа не значи дека високата технологија треба да биде запоставена, напротив, таа е присутна скоро насекаде. Од сензори, камери и доусовршени активни и пасивни уреди за безбедност, разни дигитални и компјутеризирани направи кои преземаат улога на заштитници на патниците. И за крај, одделот за патниците, во него има сè што треба да има еден современ автомобил, дури и многу спомнуваните и посакуваните екрани осетливи на допир.

Volvo Concept Recharge

На сето ова фали уште да биде сериски произведено и приказната ќе ја продолжиме, но засега толку поради тоа што концептот „волво ричарџ“ е само концепт и не знаеме кога и дали воопшто ќе биде сериски произведуван или дизајнерите и конструкторите го подготвуваат да послужи како основа за развој на електромобилите.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.