Volkswagen T-Cross Life 1.0 TSI 115 PS-ПОГОЛЕМ ОТКОЛКУ ШТО ИЗГЛЕДА

30/03/2020

ОД НЕОДАМНА ГЕРМАНСКИОТ VOLKSWAGEN ЈА ПРОШИРИ СВОЈАТА ГАМА НА МОДЕЛИ SUV СО ИЗВЕДБА ШТО НАСТАПУВА ВО УРБАНИОТ СЕГМЕНТ. НИВНИОТ НАЈМАЛ ПРЕТСТАВНИК, МОДЕЛОТ T-CROSS, ГО ИСТАКНУВА СВОЈОТ КАРАКТЕР ПРЕКУ ВПЕЧАТЛИВИОТ ИЗГЛЕД НА ЕКСТЕРИЕРОТ, ИСКЛУЧИТЕЛНО ПРОСТРАНАТА ВНАТРЕШНОСТ И НАЈСОВРЕМЕНАТА МОТОРИЗАЦИЈА.

 

Најмалиот автомобил SUV од Volkswagen е наедно и најнов модел во гамата на концернот.

Како и неговите постари и поголеми „браќа“, името започнува со буквата Т. Неговата изведба се базира врз моделот Polo, но од него е подолг и повисок, димензиите на T-Cross се со речиси иста големина како кај Golf од петтата генерација, така што иако најмал, воопшто не е скромен во габаритите.

ТРЕНДОВСКИ ЕЛЕМЕНТИ

На многу интересен начин надворешниот изглед ги спојува прецизните германски линии и младешките идеи. Отстапка со која дизајнерски конзервативно ориентираната компанија се обидува да ѝ се додвори на помладата популација. На предниот дел кај T-Cross се забележуваат затегнати светлосни елементи што навлегуваат во маската на ладилникот и големи браници. Со овој потег се обезбедува контрастен акцент и робусна појава. Во профилот се забележува цврстата карактерна линија што е втисната високо над половината и го истакнува прилично исправениот Ц-столб. Секако, тука се и пластичните облоги околу трка- лата и долниот дел од каросеријата со кои се дополнува приказната за „градски SUV“ автомобил. Од дизај- нерска гледна точка, највпечатливиот агол се наоѓа на задниот дел. Таму е светлосната лента поставена по целата должина што ги спојува задните фарови, во моментов овој елемент е најтрендовски аксесоар, а инспирацијата ја црпи од премиум моделите во концернот. Како додаток на надворешниот дизајн е не- секојдневната тиркизна нијанса во која беше обоен тестираниот модел што дополнително влијае врз него- виот атрактивен изглед.

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРОСТРАН

Внатрешниот простор е организиран на беспрекорен начин, речиси е невозможно да се каже дека и лица со поголеми пропорции не може да ја пронајдат идеалната позиција за седење и тоа не само на предните две седишта резервирани за возачот и совозачот. Како ретко некој автомобил што е со должина малку над 4 метри T-Cross може да манипу- лира со просторот во внатрешноста. Имено, задната клупа претставува волшебно место што е поставено на шини надолж што дозволуваат таа да се придвижува за над 10 санти- метри. Комбинациите што може да се направат со задните седишта директно влијаат врз волуменот што го има багажниот простор. Неговата изведба, во основната конфигурација, располага со солиден основен капацитет од 385 литри, а ако и тоа не е доволно, втората опција нуди 455 литри, доколку имате потреба за превоз на долги предмети, вториот ред седишта може да се преклопи, со што ќе се добие волумен од максимални 1.281 литри. Материјалите за изработка се со висок квалитет, на места од потврда компонента, но со гарантирана долговечност. Од дизајнерски агол, забележливи се острите агли на централната конзола што ги спојува инфoдисплејот и инструмент таблата пред возачот, со сјаен декоративен елемент што ја разигрува атмосферата во кабината.

ВО СОГЛАСНОСТ СО КАРАКТЕРОТ

Моторната опција што го движеше тестираниот примерок во последнава година имавме можност да ја про- баме во повеќе модели што доаѓаат од групацијата. Станува збор за бензински агрегат со три цилиндри и турбополнач, неговата зафатнина изнесува 999 cm3 и испорачува соодветно подготвени 115 КС достапни на 5.500 врт/мин. Изведбата на T-Cross во оваа моторна конфигурација потегнува без тешкотии, за што е одговорна влечната сила од 200 Нм што е на располагање од 2.000 врт/мин до 3.500 врт/мин. Во состав на агрегатот, секогаш подготвен за акција, работи 6-брзинска мануелна трансмисија што одлично го прес- ликува нејзиниот карактер, исклучителна прецизност и релативно краток од при промена на степените се за пофалба. Забрзувањето до 100 км/ч трае 10,2 секунди и е во согласност со нормите за класата во која настапува. Максималните 193 км/ч во денешно време не се никаков проблем за агрегат од еднолитарска зафатнина, особено ако автомобилот е изграден од лесни и цврсти материјали. Економичноста на T-Cross доаѓа до израз кога ќе се земе просекот на потрошувачката, а таа се движеше во зоната под 7 литри за време на нашето неколкудневно дружење. Надворешниот дизајн во себе носи доза на спортски изглед, а за да биде во склоп со него се грижи подвозјето кое е сетирано на начин што ќе овозможи поагилно однесување на автомобилот, така што T-Cross дејствува многу софистицирано зад воланот влевајќи голема доза на доверба во секојдневниот градски режим, а уверливо се вози и на патиштата што се преплетени со свијоци, како и на отворен пат, каде што до израз доаѓа рафинираноста на потпирањето. Моделот T-Cross се наметнува како еден од главните играчи во класата на „градски SUV“ алтернативи. За тоа се заслужни лесното управување и комодитет што го овозможува, како и неговата практична природа што го прави одличен партнер за секое модерно семејство.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

МОТОР Трицилиндричен
Турбо Бензинец
ЗАФАТНИНА 999 СМ3
МОЌНОСТ 115 КС
При 5.500 врт/мин.
МЕНУВАЧ 6 Степен Мануелен
ПОГОН На предните тркала
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА Напред: MCPHERSON
Назад: Полузависен систем
СОПИРАЧКИ Напред: Вентилирачки дискови
Назад: Дискови
ГУМИ Напред 205/55 R17, Позади 205/55 R17
МАСА НА ВОЗИЛОТО 1.259 кг
ДИМЕНЗИИ: д/ш/в 4.108X1.760 X1.584 мм
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД
0 ДО 100 КМ/Ч:
10.2 секунди
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА 5.1 лит/100 км
МАКСИМАЛНА БРЗИНА 193км/ч
ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ 20.500евра

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.