VOLKSWAGEN-Приметно освежување на втората генерација

08/07/2020

Сув моделите, „спорт утилити виjклс“, односно во слободен превод возила за забава, од година во година добиваат се поголемо внимание од купувачите, така што нивната продажба постојано расте. Ист е случајот кај сите производители, така што ни Фолксваген не е исклучок.

Колку за ваша информација, моделот „тигуан“ беше најпродаваниот во потесното и поширокото фолксвагеново семејство со 911.000 продадени примероци во 2019 година или вкупно шест милиони откако е во производство. Овие продажни резултати се за пофалба така што е многу јасно зошто Фолксваген внесе повеќе дизајнерски и технички новости во моделот од втората генерација кој допрва ќе треба да биде прикажан пред светската јавност.

За него ќе биде употребена новата платформа „миб 3“ која е поцврста во однос на претходната за цели 50 отсто. Во понуда ќе има еден дизел мотор со четири цилиндри во линија и зафатнина од 2,0 литри, но со повеќе изведби – со 122 КС, со 150, со 200, со 240 во чиј мотор ќе има вградено двоен турбо компресор и со 320 КС со ознака „р“ и погон на сите тркала, „фор моушн“. Прв од бензинските мотори е 1,5 литарскиот турбо со 130 КС и истиот со 150 КС со електромотор од 85 киловати.

Многу нешта се земени од новиот „голф“, дизајнерските решенија – речиси сè е унифицирано, потоа позајмена е дигиталната табла со инструменти, новите предни матрикс лед светла, а повпечатливи се новите отвори за воздух.

Велат цената за основниот модел ќе се движи околу 28.000 евра, а за останатите изведби 28.000 + и 33.800 евра за „растегнатата“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.