VOLKSWAGEN ID.7-НОВИОТ „ПАСАТ“ СО ДРУГО ИМЕ

09/05/2023

Ова е новата лимузина од Волфсбург и како што кажуваат главните, моделот „ид 7“ ќе биде замена  за популарниот „пасат“ кој од неодамна замина во пензија. Затоа што дојде ерата на електрифицирањето на автомобилите, не значи дека едни имиња мора да исчезнат, а други да се појават. На пример „пасатот“ и „голфот“ се светски препознатливи имиња, односно не се имиња туку прераснаа во своевидни заштитни знаци и сега ќе ги менуваат, односно ги згаснуваат. Дали ова е сечење на гранката на која седат тие од Фолксваген? Сепак, тоа е нивна работа.

Петметарската класична лимузина располага со масажа на предните седишта, потоа 14 звучни кутии со Харман Кардон аудио уред со силина од дури 700 W, панорамски покрив со можност за затемнување, климатизирани седишта, говорни команди итн.  Сето ова се добива со доплата, но и сериската опрема има долг список.

Производителот ќе нуди две изведби, „про“ и „про с“, првата е таа обичната со веќе познатата 77 kWh  батерија, а втората со новата 86 kWh батерија со која возилото ќе изминува и до 700 км. Сето ова мора да биде потврдено во пракса, а тоа ќе се случи наесен кога ќе започне продажбата. За американскиот и пазарот од континентов „ид 7“ ќе се произведува на домашен терен во Емден.

Јасно е дека во моделот „ид 7“ сѐ е ново, почнувајќи од дизајнот и продолжувајќи со најновите електронски уреди. За поклониците на екраните, за нив Фолксваген вградил со димензии од 15 инчи. Лимузина, но со петта врата наменета за полесно справување со кабастиот товар, а во остатокот од внатрешноста можат удобно да се сместат пет лица благодарение на димензиите: должина 4.961 мм, ширина 1.862 мм и висина 1.538 мм, со растојание меѓу оските од 2.966 мм. Останува да видиме како производителот ќе се снајде со новото име, дали тоа ќе го засени старото.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.