VOLKSWAGEN GOLF R-Најмоќниот меѓу најмоќните

15/11/2020

Деновиве светот ја доби најмоќната изведба од новиот „голф“ која уште од првата генерација ја носи ознаката „р“. Тоа „р“ кој како сака нека го протумачи, а најсимпатично е „рејсинг“. Посебно претставување за спомнатиов модел не е потребно. На сите ни е повеќе од добро познат и затоа веднаш ќе минеме на „случајот“ наречен „голф р“. Моторот со четири цилиндри во линија и со вкупна работна зафатнина од 2,0 литри е засилен со турбо компресор. Токму поради ова засилување, од моторот се „извадени“ 315 коњски сили. Крајната брзина е ограничена на 250 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч е одлично, само 4,6 секунди – убава бројка. Пониското тежиште и силуетата за два сантиметри, го прават автомобилот така малку позалепен за подлогата, а кон ова се надоврзува и погонот на сите тркала. И повторно нешто убаво – комбинација која сосема одговара на тие 315 КС спакувани во ниско тежиште и погон на сите тркала.

 

Повеќе од јасно е што конкуренцијата му дише во врат. Со своите најбрзи модели од истата класа претходно се појавија моделите од следниве производители: Хонда, Рено, Форд, а тука некаде е и Алфа Ромео со моделот „џулиета“ со четирите детелинки, само што нејзиниот турбо мотор има зафатнина од 1,75 литри, додека претходно набројаните сите се со мотори од 2,0 литри.

Најбрзиот меѓу најбрзите се справува со силината преку шестстепен обичен менувач, или, пак, седумстепен автоматски од семејството „дсг“ (со двојна спојка). Идните сопственици можат да бираат, помеѓу овие два менувачи, кој од нив да биде вграден во нивниот автомобил, но не можат да го бираат погонот. Тој сериски се вградува. Е сега за цената – петтата генерација од моделот „голф р“ ценовно е највисока во однос на останатите од семејството, а за колку тоа го знае само увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.