Едно време го снема, му предвидуваа пензија, но со последниве официјални гласини, популарниот модел на Фолксваген, „голф“, повторно ќе го видиме со класични мотори. Од една страна велат дека електричните автомобили се иднината на планетава, а „голфот“ и натаму ќе го има и со дизел и со ото мотори. „Новата“ генерација која ќе се појави во првите неколку месеци од 2024, не ја нарекуваат деветта, туку „8,5“. И сега јасно е, ќе доминираат новите линии, но никако радикални, повеќе дотерувања ќе има внатре отколку надвор и најмногу ќе бидат застапени безбедносните електронски уреди.
Како што велат официјалните лица, деветтата генерација ќе се појави во 2028 год. а дотогаш главна ќе биде оваа со обновен облик што ја нарекуваат „осум и пол“. Дали таа деветтата ќе биде целосно електрифицирана или ќе има и хибриди и класики, сѐ уште не се знае, но едно е сигурно, од 2033 година Фолксваген ќе произведува автомобили само со електрични погонски единици.
Жарко Атанасоски