VOLKSWAGEN CADDY: ПРАКТИЧЕН СО ПРЕФИНЕТА ВНАТРЕШНОСТ

30/12/2020

Што носи со себе новата генерација од моделот „кади“? Од сè по нешто, а најмногу практичност и рационалност. Направен е на основа од платформата „м ку б“ во сопственост на групацијата Фолксваген, која е присутна и на уште неколку модели.

Дизајнерски новиот „кади“ е поаеродинамичен од претходникот благодарение на испегланите линии, но и на тоа што го наследува обликот од „голфовата“ осма генерација. Голфовата линија е присутна не само однадвор, туку и во одделот за патниците кој е речиси како во лимузините. Рака на срце, фотографиите кажуваат сè. Ако се има во предвид удобноста, големиот простор и практичноста, тогаш возилово може да ви послужи за секоја пригода. Толку спомнуваните екрани осетливи на допир ги има во две димензии, 6,5 и 10 инчи со доплата (зависи за која изведба). Погонските единици, нив ги има со повеќе силини. Тука Фолксваген има избор дури и повеќе од потребното. За нив сите важат нормите „еуро 6“, а за дизел агрегатите најавуваат уште пософистицирана технологија која ќе допринесе за значајно намалување на азотните оксиди. Иако светот се врти кон електриката, добро е што сепак некој сè уште ги унапредува дизел агрегатите и сè уште работи на нив знаејќи ја нивната полезност. Покрај дизелите кои не се заборавени и напуштени, Фолксваген најавува вградување и на мотор кој како гориво ќе користи земјин гас, за кој велат дека е најчистото гориво, односно во издувните гасови штетните материи се во занемарливо мал процент. За подетални информации и цената, обратете се кај увозникот.

 

Жарко Атанасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.