ТЦР ЕВРОПА ГО ПОМЕСТИ СТАРТОТ ЗА КРАЈОТ НА ЈУНИ

04/04/2020

ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО СО ТУРИНГ АВТОМОБИЛИ (ТЦР ЕВРОПА) ВО СВОЈАТА ОФИЦИЈАЛНА КОМУНИКАЦИЈА ГИ ИЗВЕСТИ ТИМОВИТЕ И ВОЗАЧИТЕ ДЕКА „НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ СЛЕПИ И ДА ОЧЕКУВААТ ДЕКА СÈ ЌЕ СЕ СРЕДИ ДО ПРВИОТ ВИКЕНД ВО МАЈ“, РЕФЕРИРАЈЌИ НА РАЗНИТЕ МЕРКИ ОКОЛУ ГЛОБАЛНАТА ХИСТЕРИЈА ПО ПОЈАВАТА НА КОРОНАВИРУСОТ

 

Според планираното, сезоната требаше да има две трки на почетокот од мај, во Белгија (Спа) и Австрија (Ред Бул Ринг), но македонските возачи кои се подготвуваат за нова кампања во овој шампионат, предводени од Игор Стефановски – Иџе, ќе мора да ги приспособат своите планови.

– Присилени сме да реагираме поради пандемијата со „Ковид – 19“ која ја зафати и Европа, но и остатокот на светот, па поради тоа сакаме да ве информираме дека и покрај различните мерки донесени од владите, ние не можеме да бидеме слепи и да очекуваме дека сè ќе биде во ред до првиот викенд во мај. Здравјето е и останува приоритет број еден за секој од нас. Поради оваа причина, правиме провизионален календар доколку трките не можат да бидат одржани пред јуни и имаме план Б за да гарантираме 7 трки во ова првенство.

Ваквиот потенцијален план може да не донесе до старт на 28 јуни во Ошерслебен, додека трките во Белгија и Австрија ќе бидат поместени за втората половина на годината. Во моментов соработуваме со автодромите и штом ги фиксираме датумите, ќе ве информираме. Дотогаш, останува на сила актуелниот календар. Очекуваме официјалната потврда да биде во рок од 20 дена,- се вели во пораката од организаторите.

Со ова се навестува дека официјалните информации ќе бидат споделени во првите десет дена од април, по што ќе следуваат сите други информации околу организацијата.

Она што не е познато во моментов е дали ќе бидат забранети приватните тестирања кои беа во полн ек пред стартот на новата сезона, како и гаранциите за слободно патување меѓу земјите во Европа.

 

Александар Табаковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.