TOYOTA SIENTA-ПРЕД СÈ ПРАКТИЧНОСТ

07/09/2022

„Сиента“, тоа е името на третата генерација од популарниот еднопросторен автомобил претставен од Тојота на крајот од минатиот месец. Возилото е правено на основа од  моделот „јарис“ (платформа „га – б“) и е наменет за превоз на група патници кои треба да бидат пренесени од едно на друго место за кусо време, но воедно е наменето и за семејства со рационални потреби.

 

Седум седишта сместени во три редови, или, пак, класика 2 + 3 + голем товарен простор. Со должина од 4,3 метри, ширина  1,7 и висина 1,67 метри „сиента“ спаѓа во мини еднопросторните возила, но со големи амбиции да застане рамо до рамо со гломазните.

 

 

„Тојота сиена“ ја задвижува 1,5 литарски бензински мотор во комбинација со електричен со мала батерија, а целосната електрификација е неизбежна кога е во прашање Тојота. Погонот е на предните тркала, или, пак, на сите во зависност од изведбата, дали е со еден или со два електромотори. За преносот на силината е задолжен секвенцијален „цвт“ менувач со 10 брзини.

Основниот модел ќе се продава по цена од 14.500 долари. „Тојота сиента“ или „тојота јарис версо“ – едно возило со две имиња во зависност од тоа каде се продава такво име носи.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.