Салонот за автомобили во Лос Анџелес донесе многу освежувања, а едно од нив е целосно електрифицираниот кросовер „бз компакт сув концепт“ во сопственост на Тојота. Радикалниот дизајн кој го диктира јапонскиот производител се забележува и на најновиот концепт. Според основната линија како да е наследник на популарниот „ц – хр“, или ќе биде негов помал брат во електрично издание.
Тоа „бз“ е кратенка од „бијанд зиро“ и се однесува на целосно електрифицираните возила. Првото возило од таа група е кросоверот „бз 4 икс“, а потоа се појави лимузината „бз 3“.
Овие возила се карактеристични по тоа што се наменети за кинескиот пазар, но најновиот концепт „бз компакт сув концепт“ ако биде замена за „ц – хр“ тогаш покрај кинескиот ќе се најде и на други пазари ширум светот.
Треба само да почекаме и да видиме какви планови крои Тојота и што ќе се случи со спомнатиот концепт, до каде ќе стаса.
Жарко Атанасоски