Свинска коленица во сос

01/11/2020

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

• Свинска коленица
• Кромид
• Ловоров лист
• Брашно
• Маслинов зејтин
• Сол
• Бибер

ГАРНИР:
• Црвена зелка
• Лук
• Кечап
• Компир
• Морков

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Најпрвин се пржат морковот, кромидот, се додава ловоров лист и коленицата која е претходно извалкана во брашно. Во садот се додава вода и сè заедно се вари 2 часа. На крајот се запекува во фурна. Коленицата се служи со гарнир од претходно испржена црвена зелака,печен компир, суви лути пиперчиња и се прелева со сопствениот сос. Вистински избор за вашата семејна трпеза.

Пријатен апетит!

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ