Ова е првиот електричен „сув“ од Сузуки наменет за целиот свет. Да појасниме. Најчесто производителите од еден ист модел прават подизведби со цел да ги задоволат различните потреби на одделни големи пазари. Овој пат Сузуки претстави концепт на електричен погон за цел свет кој според плановите треба да започне со продажба во 2025 година.
„Сузуки концепт модел ев икс“ е класика од сув со следниве димензии, 4,3 метри должина, 1,8 м ширина и 1,6 м висина. Со едно полнење на батеријата со капацитет од 60 kWh, возилото изминува 550 км.
Дизајнерите си поставиле задача секое сув возило што ќе излезе од фабричките хали да биде препознатливо, да има свој белег на типичен сув од Сузуки. Таа филозофија е приметлива помеѓу овој нов концепт и сегашните односно минатите генерации од моделот „витара“. Дали ова „мириса“ на нова, поточно и нова и сосема електрична витара?
Жарко Атанасоски