SUZUKI E-VITARA-ЕЛЕКТРИЧНА „ВИТАРА“

07/11/2024

„Витара“ на електричен погон наменета за целиот свет. Веднаш да видиме каков електромотор или какви електромотори има во „витарата“ на струја. Првиот има 144 КС, 49 kWh батерија и со едно полнење изминува 380 км. Вториот располага со електромотори со силина од 174 коњи, 61 kWh батерија со која возилото изминува по 460 км. Овие две изведби имаат погон само на предната оска, додека третата изведба има два електромотори, еден на предна а другиот на задна оска со вкупна силина од 184 коњи и е наречена „ол грип“. Со едно полнење на 61 kWh батерија изминува околу 430 км.

Предвесник на „сузуки е – витара“ е концептот „е – в икс“ за првпат прикажан на 11 јануари минатата година на Салонот за автомобили во Њу Делхи, Индија. Тоа значи дека и дизајнот и погонот и се друго што имаше концептот е вградено во „сузуки е – витара“ првично прикажан пред светската јавност во Милано во првата недела од месецов. Сепак видливи се отстапувањата во дизајнот, концептот има нота на раскош во дизајнот, но таа иста нота не е присутна во обликот на „сузуки е – витара“. Тоа е нешто како непишано правило, „уништи го“ убавото од концептот и останатото вгради го во серискиот модел. Тоа е судбината на сите концепти, без разлика на производителот. Штета.

Со 180 мм над подлогата, електричната витара солидно ќе се справува со нерамнините надвор од асфалтот, но само солидно. „Сузуки е витара“ располага со следниве димензии: 4.275 мм должина, 1.800 ширина и 1.635 мм висина и растојание меѓу оските од 2.700 мм. Тежината е во рамките на електричните возила и се движи во распон од 1,7 до 1,9 тони, во зависност од изведбата и опремата.

Производството ќе се одвива во Индија од страна на Марути Сузуки, додека продажбата ќе започне во март 2025, најнапред во Индија, по тамошната премиера во јануари, а за европскиот и јапонскиот пазар првите примероци ќе стасаат на лето. Цена? За овој дел од текстот одговорен е увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.