EUCAD 2019 конференцијата даде можност за дискусија за поврзано и автоматско возење од аспект на корисниците.
Поконкретно, во рамките на петтата сесија, се дискутираше за тоа како помасовната употреба на поврзаното и автоматско возење (CAD) може потенцијално да влијае на различни области надвор од транспортниот сектор, како што се животната средина, социјалното вклучување и промени во животниот стил.
„Missions Publiques“, франциска консултантска куќа, го формулираше идниот успех на CAD со една централна тема, а тоа се корисниците. Како најдобро да ги вклучиме граѓаните во развојот на CAD? Преку своите дијалози со граѓаните, „Mission Publiques“ дојде до некои интересни резултати:
„Missions Publiques“ наскоро ќе објави извештај за дебатите што ги организираше со граѓаните.
ФИА Регија I, придонесе за организирање на втората европска конференција за поврзано и автоматско возење на 2 и 3 април, како дел од европскиот проект ARCADE.
Благица Блажевски