Поминаа пет години откако СангЈонг премиерно го претстави моделот „тиволи“ кој според димензиите е припадник на сегментот „б“ во класата возила за забава (сув). Неговото претставување повторно е актуелно затоа што дизајнерите го рестилизираа, а конструкторите го освежија со неколку мотори и сега е подготвен да се врати таму каде му е местото – во продажните салони.
Накусо кажано, моделот „тиволи“ беше стасан за обновување затоа што конкуренцијата почна да го потиснува. Да потсетиме, името Тиволи е позајмено од италијанскиот град Тиволи кој се наоѓа во близина на Рим, а важи за град со посебно изграден стил. СангЈонг за својот тогашен нов модел ја нагласуваше неговата посебност во секој поглед и затоа моделот го нарекле „тиволи“, нешто како случката со градините во Копенхаген кои го носат истото име исто како градините во Вила ди Есте.
Нови бензински мотори: 1,2 и 1,5 литри зафатнина распоредена во три и четири цилиндри, снабден со директно вбризгување (гди) и потпомогнати од турбо компресори. Тука е и обновениот дизал мотор со зафатнина од 1,6 литри. Покрај овие измени, дизајнерските се присутни како надворешно, така и во одделот за патниците. Возилото поседува напредна безбедноста технологија, електроника која помага при возењето и мотори со завидна силина, 128 за 1,2 литарскит, 163 КС за 1,5 и дизелот располага со 136 КС.
Безбедноста е изразена преку четирите ѕвезди од страна на EuroNCAP, оценка која е при врвот во класата. Сите нивоа на опрема содржат најмалку шест воздушни перници, предупредување од фронтален судар, предупредување кога возилото излегува од својата и влегува во другата коловозна лента, држење безбедно растојание, распознавање на сообраќајните знаци итн.
Според тоа што има наброено фабриката, очигледна е намерата на СангЈонг неговите основни модели да бидат врвно опремени. Нивото на опрема е испишано со следниве ознаки, „е икс“, „вентура“ и „ултимејт“. Продажбата е закажана за почетокот од летово, зависи од пазар до пазар.