Исклучиво за кинескиот пазар Шкода ќе почне да произведува посебна изведба од моделот „октавија“ која е именувана како „октавија про“. Највпечатливата измена ќе биде должината на автомобилот, односно зголеменото меѓуоскино растојание за 44 мм во однос на четвртата генерација од спомнатиот модел, односно сега е 2.730 мм. И должината на автомобилот е променета, односно зголемена за 64 мм или вкупно 4.753 мм.
Да, луксузот ќе биде присутен, а зошто да не кога тие од задните седишта сега имаат повеќе место за колената, поточно нозете и ред е таа удобност да се зачини со греење и вентилирање на седиштата, со поинакви материјали, со елементи позајмени од моделот „рс“ и ред други ситни нешта кои ги нема во обичната „октавија“.
Моторот е еден и единствен, но можно е подоцна да биде вграден уште некој, но за почеток на продажбата Шкода го нуди 1,4 тси литарскиот со четири цилиндри во линија и турбо компресор. Силината од 150 коњи се пренесува на предните тркала преку седумстепен дсг менувач, додека максималниот вртежен момент изнесува точно 250 Нм. Интересна понуда од чешкиот производител на автомобили, но зошто таа изведба да биде наменета само за кинескиот пазар? Тоа „про“ е кратенка за продолжена или професионална изведба?
Жарко Атанасоски