SEAT-НОВ „ЛАВ“

18/02/2020

Покрај најпродаваниот модел во семејството Сеат, големо внимание му посветуваат и на второпласираниот „леон“. На крајот од минатиот месец беа објавени првите фотографии од четвртата генерација од овој компактен модел, претставник на сегментот „ц“.

Новиот модел е правен на платформата наречена „м ку б“, односно автомобилот ќе биде полесен од претходникот, неколку сантиметри е подолг и секако во него ќе се вградуваат повеќе видови погонски единици, почнувајќи од бензинските, дизелите, потоа хибридните погони и на крај најверојатно ќе има и целосно електрична изведба.

За оваа класа познато е дека сите „отидоа“ со димензиите и полека навлегуваат во повисоката од нив класа. Должината од 4368 мм го докажува „растењето“, што е логично ако се знае дека неговата конкуренција е слична со должинските милиметри. Новиот „леон“ располага со 380 литри товарен простор, а со соборување на задната клупа се добиваат 617 литри. Ако некому и ова му е малку ќе има и изведба со четири врати која располага со 4642 мм во должина.

Корпорацијата „ВАГ“ како и во сите свои модели, така и во новиот „леон“ ќе ги вградува истите погонски единици. Светската премиера е закажана за 3 март, на Салонот за автомобили во Женева.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.