ГОДИНИ НАНАЗАД НАЈГОЛЕМИТЕ АВТОМОБИЛСКИ МАНИФЕСТАЦИИ ПАТАТ ОД ОТСУСТВО НА ИЗЛАГАЧИ И ЗАСЕГА НЕМА ЛЕК ЗА НОВО НАСТАНАТАТА СОСТОЈБА. И ОВАА, ВО ТОКИО, МИНА СО ОТСУСТВО НА ПОВЕЌЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ. ПРАШАЊЕТО Е КОЈ Е И КАДЕ Е ЛЕКОТ?
Eден од најголемите саеми за автомобили ги затвори завесите и како последен во низата од пет најважни во светот, сега ги сумира резултатите.
Далечниот Исток не може да се пофали со светски премиери кои потекнуваат од европскиот и американскиот континент, но затоа домашната автомобилска индустрија заедно со соседите имаа што да покажат. Останатите четири од големата петорка повеќе или помалку наликуваaт еден на друг со назнака дека секој има своја посебна одлика.
Во Детроит преовладуваат домашните компании, а како модели најомилени се камионетите – пика- повите. Тука некаде се и јапонските автомобили, а европските во зависност од новостите варираат со учеството. Женева е полигон каде сите сакаат да бидат присутни. Иако тоа е неутрален терен, сепак американската автомобилска индустрија не може да се вклопи во останатиот свет од еден едноставен недостаток, а тоа е димензијата на возилата. Таму кај нив сè е предимензионирано, а такви автомобили светот недоволно ги симпатизира. Франфурт и Париз се стандардни со програмата, а во Пекинг и Шангај доминира кинеската автомобилска индустрија. Токијската манифестација е поинаква од сите други. Таму, воглавно, доминираат концептите во однос на сериските модели.
Годинава тоа и се случи, ништо ново за последниот саем во годината, но сегашниот тренд на електро- мобили како да му одеше во прилог на Токио, па затоа годинашново мото е „Отворена иднина“. Севкупно во Токио не само што имаше повеќе концепти, туку и електромобилите беа побројни. Таква е тамошната иднина, отворена, затоа составот на изложените модели беше повеќе „завртен“ кон тие што треба да дојдат од иднината.
Ќе почнеме со најмалиот од домашните производители, Сузуки, кој го претстави концептот „ваку спо“, мал двосед на електричен погон, возило најмногу наменето за секојдневна употреба и забава – индивидуално и наменето за помладата популација возачи.
Електричниот концепт „хастлер“ од истиот производител е некој вид сув возило со нагласен аголен облик – семејно возило за секојдневна употреба. Натаму следи „комби еври“ возило посебно наменето за удобно патување на бебињата. До каде оди умот на највредниот народ на планетава? Сузуки на континентов веднаш му ги нуди „ескудо“ („витара“) и „свифт спорт“.
Даихатсу иако се повлече од континентов вреди да го спомнеме затоа што понуди занимливи и практични концепти за првоз на материјални добра и луѓе: „тсуму тсуму“, „иколко и нипоте“, „ваи ваи“ и „ваку ваку“.
Во „семејството“ Субару наскоро ќе следи замена на стариот „леворг“ со нов. Прототипот само што беше прикажан и веднаш предизвика позитивни реакции од јавноста. Повеќе наменскиот караван си најде потенцијални купувачи, за- тоа треба што поскоро да влезе во сериско производство.
Тојотиниот концепт „мираи“ погонуван од водород (горивни ќелии) наскоро ќе ја замени првата генерација и ќе го продолжи „зелениот“ поход. На саемот автомобилот беше прогласен за еден од најдобрите. „Е рејсер“ е автомобил кој е строго наменет само затоа што сакаат нешто како друмски болид со нагласување на филозофијата од формула 1. Ако претходниот модел беше наменет за индивидуалци, „е палете“ е наменет за превоз на патници, нешто како мини бус. Тоа „е“ во името значи електричен погон.
Нисан ги понуди концептите „имк“ и „арија“. „Имк“ е типичен градски електромобил, со напредна технологија и едноставен дизајн, а кога зборуваме за „арија“ е тоа веќе е нешто друго во однос на дизајнот. Тука сретнуваме облик кој е навистина пред сите, но се поставува прашањето, зарем светот требаше да влезе две децении во новиот милениум за да автомобилската индустрија понуди нешто посебно? Хонда се истакна со три сериски автомобили. Најмалиот, електричниот, моделот „е“, ќе започне со продажба следната година. Новиот „акорд“, осмата генерација, сосема е подготвена да ги руши рекордите на претходниците, а еднопросторниот „џез“ и тој доби нов облик. Кај нас за овие два бензински модели постои интерес, но некои големи продажни бројки досега не се постигнати.
„Митсубиши енгелберг турер концепт“ класика од сув возило, хибриден погон, погон на сите тркала и три реда седишта. Така треба да изгледаат новите генерации сув од Митсубиши. Вториот концепт е, исто така, сув по димензии помал од првиот и што е најважно е без покрив. Двосед со четири електромотори и погон на сите тркала – возило наменето исклучиво за забава и затоа е „сув кабрио“.
„Супер хајт к вагон концепт“ е третото концепт возило од Митсубиши. Градско возило за секојдневен превоз на патници со секојдневен дизајн.
Новиот „рено лутеција“ или на нашки кажано тоа е моделот „клио“ само што е наменет за далекуисточниот пазар. Сега Рено има дел од Нисан и нивните начини и поделби во работата и пазарите се изменети, така што Рено ќе биде прису- тен и во тој дел од светот.
„Алпина а 110 с“ е следниот. На Далечниот Исток му нудат спортски автомобил. Тоа и не е така лошо кога е во прашање Алпина. Зад оваа марка стои Рено, а ја купи во 1973 година.
Мазда покрај надалеку познатиот роудстер „м икс 5“ премиерно го претстави моделот „м икс 30“ – возило за сите намени. Има четири врати, од кои задните се напола по димензија од предните. Таква „игра“ со вратите за првпат беа воведени на северноамерикански континент кај пикаповите. Така бараат купувачите, сув, кросовер, ситикрузер, така прават производителите.
Како Лексус ја гледа иднината на електричните возила? Со концептот „л ф 30 електрифид“, возило од премиум класата во купе изведба со врати како крила од гулаб. „Л ц конвертибл концепт“ е автомобил кој заслужува должно внимание, но како тоа да го направиме кога засега е само концепт. Ќе му текни ли на некој производител да претстави од прва сериски автомобил со екстравагантен дизајн, значи без најави од концепти и барем еднаш да го изненади светот?
БМВ Алпина, тоа е нешто како тркачки автомобил, но во секојдневна облека, не во спортска. Тука не е дозволено ѕиркање за тие што немаат афинитети кон спортскиот дух на возилата. Работилницата ги изложи моделите „икс д 4 алрад“ и „б 3 лимузин алрад“. Многу коњски сили спакувани во доработени погонски агрегати и тоа не било како, туку рачно, делче по делче.
Мерцедесите беа застапени со повеќе модели, некои сериски, некои концепти. Комбето „в класа“ доби долга изведба „в 220 д авангард лонг“. И новата „е класа“ беше таму со хибриден погон, дизел плус електричен“ („е 350 д е“), а без фу- туристичкиот „вижн е ку с“ не се оди никаде, ни во Токио. Наскоро такви ќе бидат автомобилите со ѕвездата од Штутгарт.
Покрај „обичните беа присутни и тие со ознака „амг“, „ а 45 с 4 мстик + едишн 1“ и „а 35 4 матик седан“. Дивизијата на Мерцедес како привезок го носеше и СМАРТ со ознака „е ку форту“. Отсега натаму СМАРТ ќе го гледаме само во електрично издание.
Салонот за автомобили во Токио се одржува еднаш во две години, така што наредниот ќе биде во 2021 година. Можеби од таа причина не се изложуваат само патничките, туку и стопанските возила, а заедно со нив и мотоциклите.
Стопанските возила беа застапувани од четири марки: Исузу, Хино, Митсубиши и УД тракс, а мотоциклите беа во полн состав, беа присутни сите големи производители, и Јамаха, и Кавасаки, и Хонда и Сузуки.
Ако севкупно направиме куса анализа на најголемите саемски изложби, за жал, се забележува отсуството на многу производители. На овие изложби да не бидат присутни десетина марки, тоа е повеќе од пропаст.