Саем за автомобили-Саемот во Женева повторно откажан

05/07/2020

Ова се само почетоци, инаку допрва ќе трпиме последици од пандемијата која ни се случува, а повторното одложување на најголемиот меѓу најголемите, Саемот за автомобили во Женева е само уште еден доказ за претходно напишаното. Најнапред беше откажано годинашново шоу, а сега се најавува второ откажување. „Сликата“ која се надвиснала над оваа манифстација не е воопшто за гледање, а уште помалку за спомнување, но ред е да бидат известени големите љубители на автомобилите, дека најважниот годишен саем во светот за автомобили повторно е откажан.

Едно од пандемијата, а друго поради финансиските потешкотии и недореченостите за и околу кредитот во вредност од 16,8 милиони швајцарски франци кој му е одобрен на организаторот од страна на кантонот Женева. Сепак тие недоречености во кредитирањето го натераа организаторот на саемската манифестација повторно да ги затвори вратите. Што сега? Некои велат дека организаторот го отстапува своето место на некој друг организатор за соодветна сума пари. Колку што може да се прочита меѓу редови, Салонот за автомобили во Женева заедно со организацијата е на продажба. Треба да се има во предвид едно нешто, а тоа е дека овој саем е најголемиот во светот и е еден и единствен по многу нешта. Затоа сите производители без исклучок сакаат да дојдат во Женева и токму таму да бидат претставени нивните нови автомобили. Сета продажна конструкција, саемска манифестација плус организација, се заокружува со сума од 200 милиони швајцарски франци, барем така велат дека толку вреди сето тоа. Колку за утеха вработните во управата на Палекспо во чија сопственост се саемските хали, најтопло препорачуваат новинарите и посетителите да се подготват за мартовското издание во 2022 година.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.