ROLLS ROYCE ARCADIA DROPTAIL-АРКАДИЈА, РАЈ НА ЗЕМЈАТА

08/03/2024

За да видиме колку е посебен најновиот Ролс Ројс, ќе ја спомнеме бојата и внатрешноста на најновиот примерок што ја напушти фабриката. Обична бела боја, но измешана со алуминиумска прашина и стакло кои даваат посебно прекршување на светлината. Внатрешноста која потсетува на класичните едрилици направени од дрво. Затоа одделот за патниците буквално е тапациран со дрвени елементи, ги има вкупно 303, на кои се работело 8.000 часови за да го добијат бараниот облик и сјај. Посебно внимание е посветено како тоа дрво да се заштити од надворешните влијанија. Затоа стручните лица решиле дрвените елементи да ги премачкаат со посебни лакови и со тоа дрвото да добие на долговечност и неуништливост. „Случката“ со дрвото е порака за останатите од класата давидат што може Ролс Ројс да направи и сето тоа многу дебело да го наплати. Да потсетиме, производителот досега направи три кабриолети со спуштена опашка од планираните четири и сите се продадени за строго одбрани купувачи кои учествуваат во изработката и дизајнот на автомобилот. Велат цената на „ролс ројс дроптеил аркадија“ нема да биде под 30 милиони долари. Ништо чудно ако се има во предвид следново, при создавањето на часовникот и неговото конструирање потрошени се пет месеци напорна и многучасовна работа. Не секојапеда, туку секој милиметар од автомобилот е премногу далеку од останатите на четири тркала. Сѐ е преплавено со луксуз, со „тежок луксуз“, дури се одело сопретерување. Да не почнеме со процесот како е одбирана кожата и како истатае доработувана за на крај да биде составен дел од автомобилот – за неа ќе ни бидат потребни не една туку пет страни. Автомобилот е посветен на купувачот и на производителот воопшто не му било тешко да го однесе на приватната забава дури во Сингапур и таму да му го врачи на сопственикот и тоа со посебна церемонија.

Сиот материјал подготвен за новинарите и јавноста е посветен на луксузот и опис како е тој создаван.

Производителот сето свое време го посветил исклучиво на луксуз, луксуз и само луксуз, а погонската единица и нејзините способности се ставени далеку во втор план. Колку за информација моторот е класика, бензински V12 со работна зафатнина од 6,6 литри. Со двоен турбо полнач развива 593 КС и има максимален вртежен момент од 620 Нм. Не е до брзината и за колку секунди ќе стаса до 100 км/ч, туку до тоа колку и како Ролс Ројс ќе ја покаже својата раскошна егзотика вградена во автомобилот и сето тоа со цел да предизвика завист и љубомора кај останатите кои имаат пари да го купат, но не биле одбрани за тој „чин“ одпроизводителот. Затоа творците на исклучително реткиот автомобил им покажа на останатите од фелата кој е кој во светот на луксузот, а со името „аркадија“им покажаа дека рајот е на земјата.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.