RENAULT 5 TURBO 3E-ВРАЌАЊЕТО НА ТУРБО ЛЕГЕНДАТА

19/12/2024

Реноовата е модел кој никогаш не е прежален. Неговиот посебен дизајн, неговата долговечност, неговата едноставност и практичност беа главна причина за моделот да биде многу почитуван меѓу возачите. Од многубројните изведби неколку станаа култни како на пример „5 турбо“. Оваа изведба доживеа многу голем успех и затоа доживеа две генерации. Потоа „петката“ беше заменета со „клиото“ и толку од тој популарен модел.

Откако моделот „пет“ повторно заживеа, но сега во електрична изведба, производителот реши „рено пет турбо“ по третпат да го врати на сцена. Народот бара „бис“ и тоа мора да се испочитува. Еве ја „петката турбо“ повторно, само што сега е во ново руво, редизајнирано, кое ги имало сите црти на легендарната „петка“. Турбо а нема турбина која ќе внесе повеќе воздух во цилиндрите. Иако нема турбо полнач, силината е супериорна, „само“ 500 коњи (електрични) и сите наменети за задната оска, исто како кај првата и втората генерација. И да нагласиме, моделот „5 турбо 3 е“ е најбрзиот сериски автомобил излезен од халите на Рено. Таа „тројка“ во името на автомобилот ја означува третата генерација од моделот „5 турбо“.

Некогашниот „рено 5 турбо“ има бензински 1,4 литарски централно сместен мотор и 160 КС добиени со помош на турбо полнач и погон на задната оска – 6,7 сек од 0 до 100 км/ч и крајна брзина од 200 км/ч. Автомобилот бил посебно правен за рели натпреварите, но во периодот од шест години биле направени и друмски изведби. Произведени се вкупно 4.987 примероци од двете генерации. Надворешниот дизајн е на Марк Дешампс, а внатрешниот на познатиот Марчело Гандини кој во тоа време работел за Бертоне. Колку за потсетување, Марчело Гандини ја дизајнираше втората генерација од легендарната „петка“.

Сега светот ја очекува продажбата и секако цената на електричната „5 турбо 3 е“. Тогаш сигурно производителот ќе обелодени детали за спомнатото возило.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.