УШТЕ ЕДНО РЕЛИ ДАКАР СЕ ВОЗЕШЕ НА АРАПСКИОТ ПОЛУОСТРОВ – ТОЈОТА БЕШЕ ГЛАВНА ВО КЛАСАТА НА АВТОМОБИЛИТЕ СО Н. АЛ АТИЈА И М. БАУМЕЛ, НО И СО ЈАЗИД АЛ РАЏИ И СОВОЗАЧОТ МАЈКЛ ОР КОЈ СЕ ПЛАСИРАШЕ НА ТРЕТОТО МЕСТО. ТАМУ КАДЕ СЕ ВОЗИ НА ДВЕ ТРКАЛА ПОБЕДИ ГАСГАС СО СЕМ САНДЕРЛЕНД, А ВО ДРУШТВОТО НА НАЈГОЛЕМИТЕ СО ГОДИНИ НАНАЗАД КАМАЗ ПРАВИ „ПЕПЕЛ“ ОД КОНКУРЕНТИТЕ, ОВОЈ ПАТ ВО ФОРМАЦИЈА 1 – 2 – 3 – 4 КАДЕ НАЈУСПЕШНО БЕШЕ ТРИОТО Д. СОТНИКОВ, Р. АКМАДЕЕВ, И. АКМЕТЗИАНОВ
А втомобилската индустрија заедно со нејзиниот крем наречен автомобилски спорт, од 1978 го започнува своето патешествие уште од првите денови од годината со релито Дакар, претходно попознато како Париз Дакар. Во тие исти денови паралелно се одржуваше и Салонот за автомобили во Детроит, еден од големата светска петорка, но организаторите го префрлија за на лето. А што претставува релито Дакар само по себе тоа е собир на сонувачи, собир на љубители на пустинските предели, собир на авантуристи и трагачи по возбуда, но и собир на најхрабрите, најиздржливите и најподготвени возачи, совозачи, механичари и другите членови во тимовите. Накусо кажано релито Дакар е две недели возење со големи брзини низ пустина. Годинава се возеше 44. издание од релито Дакар кое започна во првиот ден од годината, а заврши 13 денови подоцна. Стартот беше закажан на 1 јануари во 10:00 часот по локално време, а возилата тргнаа од Џеда во освојување на 8.404 км долгата рута. Релито беше поделено во 12 етапи од кои првата двојна, секој ден по една, со тоа што на 8 јануари во Ријад учесниците имаа ден за одмор.
Многу тимови ги засукаа ракавите и тргаа во одлучувачка битка за освојување на драго цената титула. Ауди допатува со елитата од возачи, К. Саинц, С. Петерхансел и М. Екстром и возило кое ветуваше врвни резултати. Тимот одговорен за возилата од марката Мини како да беше воздржан годинава или само нас ни се чини така, а некако најмирно, но грижливо и без никаква помпа од јавните гласила, Тојота го подготвуваше својот тим заедно со стариот волк Насер ал Атија со совозачот М. Баумел. Тука беа и С. Лоеб, О. Теранова и Х. Н. Рома сите кој од кој одбрани во тимот на Продрајв.
Релито почна и како што почна така и заврши Насер Ал Атија со совозачот М. Баумел со нивното возило од марката Тојота, како што се закотвија на челната позиција уште на првиот ден од релито, така и го завршија. Ниту во еден момент нивното водство не беше доведено во прашање, посебно што совозачот Баумел математички прецизно си ја одработил навигацијата во сите денови од релито. За Н. ал Атија ова е четврта титула на релито Дакар и сега е изедначен со легендарниот Ари Ватанен, а најтрофеен возач во класата на автомобилите е С. Петерхансел, осум пати прв стигнал до целта. Првите три титули ги има освоено во 2011, 2015 и 2019, а во 2020 и 2021 беше второпласиран. Деветкратниот шампион од ВРЦ Себастијан Лоеб и совозачот Фабијан Луркин колку и да напаѓаа, колку и да настојуваа да го стопат водството на катарскиот возач, не успаја во намерата и мораше да се задоволат со второто место со задоцнување од 27 минути и 46 секунди. За многумина неочекувано, но заслужено Јазид ал Раџи и совозачот Мајкл Ор се искачија на третото место на подиумот, исто така, со возило на Тојота.
Мотоциклистите, тие се најдивите и најсмелите на „патувањето“ долго скоро 8.500 км. Во оваа класа Сем Сандерленд беше најбрз, додека Квантанила по втор пат го освојува второто место во три последователни учества на релито Дакар. Матијас Валкнер, победникот од 2018 год. го зазеде последното место на подиумот. И еден вреден „миг“ за спомнување приреден од 20 годишниот Мејсон Клеин. Првпат учествува на релито и стаса до деветтото место, со 13 секунди пред двократниот шампион Тоби Прајс.
Рута Рели Дакар 2022
1 јануари 2022 | Џеда – Хаил | 614 km | 19 km | етапа 1A |
2 јануари 2022 | Хаил – Хаил | 514 km | 333 km | етапа 1B |
3 јануари 2022 | Хаил – Ал Касума | 791 km | 338 km | етапа 2 |
4 јануари 2022 | Ал Касума – Ал Касума | 636 km | 255 km | етапа 3 |
5 јануари 2022 | Ал Касума – Ријад | 707 km | 465 km | етапа 4 |
6 јануари 2022 | Ријад – Ријад | 560 km, 346 km | етапа 5 |
7 јануари 2022 | Ријад – Ријад | 620 km, 404 km | етапа 6 |
8 јануари 2022 | Ријад ОДМОР | / | / |
9 јануари 2022 | Ријад – Ал Давадим | 701 km | 402 km | етапа 7 |
10 јануари 2022 | Ал Давадими – Вади Ал Давасир | 830 km | 395 km | етапа 8 |
11 јануари 2022 | Вади Ал Давасир – Вади Ал Давасир | 491 km | 287 km | етапа 9 |
12 јануари 2022 | Вади Ал Давасир – Биша | 759 km | 375 km | етапа 10 |
13 јануари 2022 | Биша – Биша | 501 km | 346 km | етапа 11 |
14 јануари 2022 | Биша – Џеда | 680 km | 164 km | етапа 12 |
Победници во класата на моторцикли
1. | 5 | Сандерленд / Гасгас Фактори Рејсинг |
2. | 7 | П. Квинтаниља / Монстер Енерџи Хонда |
3. | 52 | Валкнер / Ред Бул КТМ |
Победници во класата на автомобили
1. | 201 | Насер ал Атија – Метју Баумел / Тојота Газу Рејсинг |
2. | 211 | С. Лоеб – Ф. Луркин / Бахреин |
3. | 205 | Јазид ал Раџи – Мајкл Ор / |
Победници во класата на камиони
1. | 500 | Д. Сотников, Р. Акмадеев, И. Акметзианов / Камаз – Мастер |
2. | 505 | Е. Николаев, Е. Јаковлев, В. |
3. | 501 | А. Шибалов, Д. Никитин, Иван |
4. | 509 | А. Каргинов, А. Мокаев, И. |