Втората генерација само што не стасала до заинтересираните купувачи. Каде и да е набрзо и тоа ќе се случи, односно на почетокот од наредната година. Луксузниот компактен сув и натаму е еден од најбараните во класата. Конкуренцијата: „бмв икс 1“, „мерцедес бенц гла“, „ауди ку 3“, „Јагуар и пејс“ и сличнит на нив, се спротивставува жестоко, а сè уште не сме ги спомнале марките како Инфинити, Волво, Лекус.
Првата генерација претставена во 2012 со неколкуте рестилизации постигна продажба од околу 780.000 примероци, а со новава се надеваат да ја надминат претходната бројка.
Тоа се должи пред сè на најновата технологија вградена во втората генерација, за која велат дека е пред другите. Некои забележуваат дека надворешниот изглед не претрпел поголеми измени, но така одлучиле дизајнерите и конструкторите. За цената велат дека ќе биде меѓу водечките во класата. Колку сето тоа ќе биде одобрено од купувачите и секако конкуренцијата останува да видиме.
Возилата со дизел мотори располагат со силина од: 150, 180 и 240 КС, а бензинските со 200, 250 и 300 КС. Основните модели во себе имаат обични шестстепени менувачи, а останатите деветстепени автоматски од марката ЗФ.