POLESTAR PRECEPT CONCEPT-НОВАТА „ПОЛАРНА ЅВЕЗДА“

10/04/2020

Луксузната дивизија на Волво подготви купе лимузина во концепт изведба со намера првично да ја претстави на 3 март на Салонот за автомобили во Женева. Концептот „полстар персепт“ е погонуван од електромотори, но засега производителот молчи за тоа колкав е бројот на моторите и нивната силина, не објавува нишно за тоа каде се пренесува силината, на предната, на задната или и на двете оски.

Заедно со првите фотографии стигна и кус текст во кој се нагласува уредот „лидар“ преку кој ласерски се скенира патот и сите ситуации на него, а потоа компјутерскиот систем ги усогласува сите маневри на возилото. Сето тоа се прави во служба на безбедноста. Автомобилот располага со четири седишта, петта врата поради купе линијата, стаклен покрив, два монитори за возачот и совозачот осетливи на допир со дијагонала од 15 и 12 инчи и раскошен дизајн. Според првичните реакции од фотографиите, гласините го велат следново: „полстар персепт“ не треба да биде концепт, туку сериски автомобил.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.