Години наназад сведоци сме на откажување на поедини марки од големите светски саемски манифестации. Колку е тоа оправдано или не, тоа не знаеме, но сигурно најмногу губат посетителите.
Најгламурозниот меѓу гламурозните Салонот за автообили во Женева е на неколку недели пред големото отворање, но тоа не ги спречува производитeлите на автомобили да даваат „отказ“. Најновото недоаѓање доаѓа од Пежо. Во неговиот атар се Цитроен и Опел, така што можно е и тие да не дојдат во Женева. Претходно, Ламорџини го откажа учеството, што е симптоматично со останатите во друштвото во кое се: Фолксваген, Ауди, Порше, Бугати, Шкода, Сеат. Ако оваа „дружина“ го откаже учеството тогаш можно е бројката на неучесниците да се искачи до 15. Претходно Тата даде „отказно решение“ најверојатно во пакет со нејзините Ленд Ровер и Јагуар. Засега како што одат работите, нештата не се во ред со изложувачите од една страна и организаторите на саемските манифестации. Останува да видиме до каде ќе одат изложувачите со откажување присуство во Арена Палекспо.
Салонот за автомобили во Женева ќе стартува на 5 март и ќе трае до 15 истиот месец. Првите два дена, 3 и 4 март се денови посебно наменети за новинарите.