Нешто убаво се готви во земјата на чоколадото и банките со многу пари и злато. А што друго е поубаво од чоколадо и банки, ако тоа не е автомобил? Светот малку беше изненаден кога малата швајцарска штотуку создадена компанија Пих Аутомотив претстави концепт нарекувајќи го „марк зеро ев“. Концепот е купе автомобил со димензии слични со денешниве купиња, особено со тие од „порше 911“.
Компанијата Пих Аутомотив најави дека двоседот што е сега во фаза на тестирање, ќе биде претставен пред светската јавност во 2024 година, а името на серискиот модел е „пих гт“, име сосема поинакво од концептот.
Луксузниот купе електромобил ќе добие и луксузна, односно врвна технологија и сигурно ќе биде едно од поскапите купе автомобили. Велат супер батеријата ќе се полни до 80 отсто за осум минути, а со полна батерија ќе изминува 500 км. Тежината на автомобилот кој е на тестирање изнесува 1.800 кг, што е меѓу најлесните во класата, ако не и најлесниот. Платформата на која ќе се прави купето, а сега во моментов пробниот автомобил ја има таа шасија (платформа), е повеќенаменска така што на истата ќе бидат конструирани и „сув“ и спортска лимузина. Хибрид или целосно електрифицирано возило, а можно е употреба и на најнова технологија со горивни ќелии кои како гориво користат водород.
Така изјави сопственикот Тони Пих и додава дека сè уште не се знае која компанија ќе биде одговорна за производството и каде ќе се произведува автомобилот, но познато е дека сето тоа ќе се одвива на континентов. Инаку сопственикот на Пих Аутомотив е правнук на Фердинанд Порше, основачот и првиот сопственик на работилницата Порше.
Жарко Атанасоски