PEUGEOT E-308-ЕЛЕГАНЦИЈА, ШТЕДЕЊЕ И ТИШИНА

26/09/2022

За тие што сакаат да возат и патуваат во речиси целосна тишина еве им прилика тоа да го сторат со Пежо и целосно електрифицираната 308-ка. Пежо за оваа прилика подготви нов електромотор со силина од 156 КС и нова 51 kWh батерија и според пресметките„308-ката“ ќе изминува над 400 км со едно полнење на батеријата.

Според производителот 11 kWh полнач треба да ја наполни батеријата за 25 минути во опсег од 20 до 80 отсто.

Да не забравиме да спомнеме дека „пежо е 308 св“, е првиот караван на електричен погон во класата, но можеби и воопшто во сите класи затоа што досега ниту еден производител нема претставено електричен караван.

Впечатокот да биде што поголем Пежо гордо го истакнува следниов податок, моделот „е 308“ е најштедлив во класата, а троши само 12 kWh струја на 100 км. Е сега друго е прашањето колку електричните возила се во предност од тие со ото или дизел погон во однос на цената на 1 kWh, бројка која се менува речиси секој ден.

Пежо вели ја постигнал таа ниска потрошувачка со подобрување на аеродинамиката, со подобрата избалансираност на тежината и со употреба на пневматици од семејството „А“ (пневматици кои имаат помало триење со асфалтот од обичните). И секако употребени се и други „досетки“, но Пежо мудро молчи и си ги чува само за себе.

Електричната комбилимузина „308“ и електричниот „308 караван“ ќе влезат во продажба на почетокот од идната година, но можно е на некои пазари да се појават на крајот од декември.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.