Кога некој модел е обновен или, пак, заменет со нова генерација, купувачите прво што прашуваат е во врска со цената. Дали новиот модел е поскап од досегашниот и за колку. Цените за новата „пет илјади и осумка“ сѐ уште не се објавени. Продажбата треба да започне на крајот од летото и почетокот на есента, така што можно е некаде на лето да бидат објавени ориентациони цени.
Продажбата на „сув“ возилата со години е во нагорна линија, па сега „сув“, „сав“, „кросовер“, „ситикрузер“, „урбанкрузер“ и на нив сличните се во мода. Затоа Пежо со време го обнови моделот 5008 кој отсега натаму има седум седишта.
Во должина од 4,79 м, ширина 1,89 и висина 1,69 м, конструкторите успеале да сместат седум седишта и багажен простор од 259 л. Без третиот ред седишта багажникот има зафатнина од 748, односно 1.815 л кога потпирачите од вториот ред седишта се спуштени.
За целосната електрификација се грижат две погонски единици кои испорачуваат три силини, 210, 230 и 320 КС и сите со погон на четири тркала. Покрај нив има една со умерен хибриден погон со 136 КС и една со „плаг ин“ хибридна изведба со 195 КС.
Жарко Атанасоски