Парфем-Мирисот е одраз на вашата личност

30/06/2020

ПАРФЕМОТ, МИРИСОТ ШТО ЛУЃЕТО ГО СТАВААТ НА СЕБЕ, Е КАКО ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТИ -ЕДИНСТВЕНИ, НЕПОВТОРЛИВИ – НЕМА ДВА ИСТИ, СЕКОЈ ПАРФЕМ ИМА ПОИНАКОВ МИРИС НА ДРУГ ЧОВЕК.

Поради хемијата на телото, неговата специфичност, навиките…, вашиот омилен парфем мириса поинаку на вас и на некој друг што, исто така, го употребува. Како индивидуален, личен печат, по нас остава траги од неговата арома, вклучувајќи ги романтичноста, одважноста, интригата. Но, кои се најчестите грешки што се прават кога се парфемите во прашање и како да се избегнат?

За парфемот да ја одигра својата улога како што треба, мора да се нанесе правилно, на вистински начин. Доколку сакате вашиот скапоцен мирис да „заблеска“ и да трае долго, па дури и цел ден, морате да поведете сметка каде го нанесувате и како се однесувате спрема него. Еве како да ги избегнете најчестите грешки што се прават кога станува збор за парфемите…

САМО НАПРСКАЈТЕ, НЕМОЈТЕ ДА ТРИЕТЕ

Многумина од нас ќе напрскааат од мирисот на рачните зглобови и несвесно ги тријат еден од друг, а потоа истото го повторуваат и на вратот. Како што наведуваат стручњаците, тоа е лоша навика. Фрикцијата која настанува со триење ја загрева кожата со што се произведуваат природни ензими, кои го менуваат мирисот. Така на удар се горните и средните ноти, заедно со сушењето, односно најдолгиот период од отворањето на парфемот. Кај цветните мириси, на пример, со триењето на зглобовите еден од друг се губи нивната свежина. За да го зачувате интегритетот на вашиот омилен парфем, а истовремено да се погрижите истиот да трае подолго, напрскајте мало количество на својата кожа и почекајте да се исуши.

ОКРУЖУВАЊЕТО ИМА КЛУЧНО ЗНАЧЕЊЕ

Кога се работи за чување на парфемот, мора да знаете дека вашиот мирис е како жив организам. Тој е чувствителен на промени во своето окружување, па така, не сака да преоѓа од топло во ладно. Таквите температурни промени може да доведат до неочекувани хемиски реакции внатре во природните состојки, поради што парфемот многу брзо ќе ги загуби својствата. Ако цитрус- ниот мирис го оставите во купатило, неговата свежина може да се загуби, да стане непријатна. Сигурно дека шампањот нема да го оставите на сонце, зар не? Тоа не треба да го правите и со вашиот парфем. Најдобро место за чување на парфемот е кутијата во која сте го купиле, на собна температура, без влага и тензии.

НАЈДОБРИТЕ ПАРФЕМИ ДОАЃААТ ВО МАЛИ ПАКУВАЊА

Без оглед на високата цена, парфемот мора да се користи брзо. Доколку шишенцето е половина празно и го чувате на вашата тоалетна масичка, знајте дека на кислородот, природниот неприја- тел на мирисот, му дозоволувате пополека да ги уништува неговите мирисни молекули, мену- вајќи ја суштината на неговиот состав. Се разбира, доколку парфемот го користите секој ден, големото пакување нема да ви пропадне, но генерално треба да се „држите“ до мали пакувања, кои остануваат свежи до три месеци. Доколку, пак, сакате да купите големо пакување, инвести- рајте и во мало шишенце каде што ќе го прелиете, а големото пакување чувајте го во фрижидер.

СИНТЕТИКАТА НЕ Е ГРД ЗБОР

Луѓето едноставно ја обожаваат идејата за природен мирис, но тоа понекогаш не е возможно. Дали знаете од каде потекнува аромата на мошусот, која е меѓу најобожаваните во светот на мирисите? Таа се добива од животни, што, пак, на многумина не им се допаѓа таквото спознание. Нотите на божурот, фрезијата, лилјаните, на пример, не можат да се добијат природно бидејќи не испуштаат каква било арома кога се обработуваат, па нивиот мирис мора да настане со мешање на синтетички молекули. Некои од најдобрите парфеми користат мешавина од природни и син- тетички елементи од деветнаесеттиот век. Тоа се прави под остра контрола и тестови на бројни институти. Мешавина од есенцијални масла, апсолутни есенции и вештачки добиени состојки содржат парфемите со највисок квалитет.

КОГА НЕ СТЕ СИГУРНИ, КОРИСТЕТЕ ЈА СВОЈАТА ГЛАВА

Неколку сосема реални правила може да го „носат“ вашиот парфем на подолги патеки. Според мислењето на стручњаците, мирисите не можат да траат долго на сува кожа, па затоа се сугерира користење на лосион за тело со исти ноти или хидратантен крем без мирис, кој нема да се меша со парфемот. Местата на кои го нанесувате парфемот, исто така, имаат клучно значење. На пример, не треба да ги покривате со облека, туку да ги бирате деловите кои се изложени како пулсните точки на вратот, зглобовите или лактите, доколку носите блуза без ракави. Шик алтернатива на тоа е нанесувањето парфем на марамата или на косата во мало количество.

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.