Олдтајмер VW Golf diesel J GL-ТРИ ГЕНЕРАЦИИ НА ВОЗАЧИ, А ЕДЕН АВТОМОБИЛ…

07/07/2024

ИАКО МОДЕЛ НА ВАКОВ АВТОМОБИЛ СÈ УШТЕ СЕ СРЕЌАВА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА, СЕПАК Е РЕТКОСТ ДА СЕ ОТКРИЕ И НАЈДЕ ПРИМЕРОК ШТО ИЗГЛЕДА КАКО ШТОТУКУ ИЗЛЕЗЕН ОД ФАБРИЧКИТЕ ХАЛИ НА ТАС ВО САРАЕВО…

 

На еден паркинг во скопската населба Тафталиџе 2 видов одлично зачуван примерок на VW Golf diesel. Сопственикот на возилото со задоволството се согласи неговиот автомобил да биде тема во нашата рубрика олдтајмер.

Историјата на ова возило започнува во 1995 година кога таткото на Дарко Малиновски добил информација дека во една скопска гаража има VW Golf diesel произведен во 1985 година со 1,6-дизелски агрегат, со 54 КС и потрошувачка од околу 6 литри на 100 километри, со поминати 10.000 км, а кој можел да го купи за тогашни 10.000 марки.

Тоа е модел на VW Golf diesel J-GL произведен во фабриката ТАС во Сараево, модел во изведба на с-пакет што содржи дизел-мотор, предни магленки, серво сопирачки и заден бришач. Оваа серија автомобили се произведувала од средината на 1984 година до средината на 1985 година.

Татко му го возел одреден период, а потоа голфот му го дал на својот татко, инаку дедо на Дарко, кој внимателно го чувал и одржувал. Дарко го добил голфот како наследство во 2016 година. Со автомобилот патувал насекаде, пред сè, на планински предели.

Иако не е рафиниран како современите автомобили, како за автомобил од средината на 80-тите години во неговиот сегмент неговата практичност во просторот и одржувањето го прават одличен олдтајмер, иако нема клима и серво волан, сепак е пријатен и економичен за возење (бидејќи дополнително има вграден 5-брзински менувач).

Како што вели Дарко, автомобилот секогаш привлекувал погледи, а често се случува да го бараат за да го купат. Дарко порачува дека старите автомобили што сè уште стојат во гаражи и дворови може со малку поголема грижа да се доведат во добра состојба и да бидат гордост за сопствениците, а македонскиот автомобилизам да стане уште побогат со примерок на возила од минатото. Овие автомобили се достојни за почит со нивната историска вредност и заслужуваат да се зачуваат.

 

Андријан Трипунов

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.