Нова фабрика за најбрзиот „римац“

07/07/2020

Неколку години наназад во нашето соседство се збори за производителот на електромобили со име Римац. Тоа не се обични туку супер брзи и екстра скапи автомобили, односно мајсторот над мајсторите Мате Римац успешно им се спротивставува на големите производители. Тој го има направено најбрзиот електромобил на светот, а сега е во подготовка сериски да произведе уште побрз. Моделот „римац ц 2“ е претставен во 2018 година на Салонот за автомобили во Женева. Тогаш М. Римац обелодени неколку технички карактеристики почнувајќи со силината од 1914 коњи и максимален вртежен момент од фантастични 2300 Нм. Молњата ќе има способност да постигне максимални 418 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе изнесува ракетни 1,9 секунди.

Летово во месец јуни компанијата Римац отовори нова производна хала во Велико Трговишче каде ќе се прави ултра супер електро купето „римац ц 2“. Компанијата засега има направено четири примероци, а за хомологација до сериски автомобил мора да бидат произведени вкупно 13 и дополнителни 10 во предсерискиот циклус. Според изјавите на одговорните лица, фабриката ќе ги произведе тие примероци до крајот од годинава и потоа ќе тргне во сериско производсво. Кога фабриката ќе влезе во темпо со полна пареа, од неа месечно ќе излегуваат по четири ултра супер брзи „римац ц 2“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.