NISSAN X-TERRA-ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА ИЛИ САМО РЕДИЗАЈН

07/01/2021

Теренското возило „икс тера“ во нисановото семејство е своевидно продолжение од веќе надалеку познатиот пикап модел „навара“. Правено e на основа од „наварата“, само што нема посебен, камионски, отворен товарен простор. Зборуваме за „сув“ со теренски особини затоа што „наварата“ користи класика од шасија, а не самоносечка каросерија. Новиот модел има дизајн кој е мешавина од нацртите на „икс треил“ кој сè уште не е претставен, потоа од сегашниот „патрол“ и има наследено дел од неодамна претставената „навара“. Од сè по малку и на крај добивате совршен производ со погон на сите тркала наменет не само за асфалтна, туку и за сите други видови подлоги.

„Нисан икс тера“ е возило конструирано и посебно наменето за сахарските и субсахарските региони. Во него се вградува 2,3 литарски реден четири цилиндричен турбо дизел мотор со повеќе од задоволувачки 190 КС, односно истиот агрегат од пикапот „навара“. Ако возилото е наменето првенствено за северниот дел од африканскиот континент, тоа не значи помалку опрема во возилото. Ги има сите безбедносни системи како и во секое друго возило.

Сепак, малку е чудно што возилово не се продава насекаде во светот. Некои континенти се исклучени, како на пример американскиот и австралискиот, а не е спомнат ниту делот од американскиот наречен латински. Малку чудно за возило кое има што да понуди, а се продава само во некои региони на светов. Трета генерација или само редизајн?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.