NISSAN X-TERRA-ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА ИЛИ САМО РЕДИЗАЈН

12/12/2020

Теренското возило „икс тера“ во нисановото семејство е своевидно продолжение од веќе надалеку познатиот пикап модел „навара“.Правено на основа од „наварата“, само што нема посебен, камионски, отворен товарен простор. Зборуваме за „сув“ со теренски особини затоа што „наварата“ користи класика од шасија, а не самоносечка каросерија. Новиот модел има дизајн кој е мешавина од нацртите на „икс треил“ кој сè уште не е претставен, потоа од сегашниот „патрол“ и има наследено дел од неодамна претставената „навара“. Од сè по малку и на крај добивате совршен производ со погон на сите тркала наменет не само за асфалтна, туку и сите други видови подлоги.

„Нисан икс тера“ е возило конструирано и посебно наменето за сахарските и субсахарските региони. Во него се вградува 2,3 литарски реден четири цилиндричен турбо дизел мотор со повеќе од задоволувачки 190 КС, односно истиот агрегат од пикапот „навара“. Ако возилото е наменето првенствено за северниот дел од африканскиот континент, тоа не значи помалку опрема во возилото. Ги има сите безбедносни системи како и во секое друго возило. Е сега малку е чудно што возилово не се продава насекаде во светот. Некои континенти се исклучени, како на пример американскиот и австралискиот, а не е спомнат ниту делот од американскиот наречен латински. Малку чудно за возило кое има што да понуди, а се продава само во некои региони на светов. Трета генерација или само редизајн?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.