„Бајон“, така Хјундаи го именуваше својот најнов концепт(?), инаку мало сув возило кое ќе биде предводник во класата на возилата за забава, односно ќе биде најмалото во семејството – најмалото, но најубавото. Списокот од „сув“ возила на Хјундаи е еден од најбогатите, но не така одамна најави нов „сув“ и тоа во сегментот „б“ кој првенствено ќе биде наменет за европскиот пазар. Успехот на Хјундаи во класата на „сув“ возила е повеќе од приметлив и воедно сака да биде присутен во сите сегменти. Затоа забрзано го подготвува моделот со име „бајон“, а името го има добиено според градот Бајоне кој се наоѓа во југозападниот дел од Франција.
Новиот „сув“ е развиван на континентов, тука биле осмислени првите линии и тука ќе биде произведуван. Според првичните најави „хјундаи бајон“ ја очекува светската премиера (интернетска), некаде на пролет идната година.
Жарко Атанасоски