NISSAN QASHQAI 2021-ТРЕТА СРЕЌА ЗА „КАШКАИ“

09/02/2021

Офанзивата која Нисан ја спроведува во последнивe неколку месеци, не стивнува ни во новава година. Откако официјално ги претстави моделите „патфајндер“ и „фронтиер“ (брат близнак на „наварата“), веднаш потоа почна со објавување слики на кои се гледаат делови од третата генерација од популарниот сув „кашкаи“. Производителот нагласува подигнување на критериумите за сув возилата во класaта во која припаѓа „кашкаи“, потоа наведува сосема нов дизајнерски приод, напредна технологија и динамични возни својства. Како и досега возилото ќе има погон само на прeдните тркала или на сите четири. Бидејќи производителот е дел од алијансата „Рено – Нисан – Митсубиши“ ќе ја користи заедничката платформа „цмф – ц“.

 

Првите модели ќе користат два вида погонски единици, едната хибридна, 1,3 литарски бензински мотор со турбо компресор и плус 12 волтна хибридна технологија, а другата со познатиот „и – паувр“ електричен погон. Тоа му следува на пазарот од континентов. Од другата страна, на „големата вода“, за тој пазар моделот нема да се нарекува „кашкаи“, туку „роуг“, а таму овдешниве правила не важат. Таму некаде сакаат поголеми, по зафатнина, мотори.

Треба да напоменеме дека вратите, предните калници (најверојатно заедно со крилата) и капакот од моторот, ќе се прават од алуминиум. Значи, Нисан сака да ја намали тежината на возилото и употребува лесни материјали. Покрај екранчињата, некои од нив осетливи на допир, производителот припрема и врвна аудио опрема од марката „бос“ претставена преку 10 звучни кутии. Светската интернет премиера е закажана за 18 февруари.

Кашкаи – тоа е име на една племенска заедница која живее и опстојува со векови во планинските предели во централниот и југозападниот дел од Иран.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.