NEZHA S YAOSHI-НОВА ЕЛЕКТРИЧНА ЛИМУЗИНА ОД КИНА

21/06/2022

Кинеската автомобилска индустрија зема замав и сега ништо не може да ја спречи да се развива со забрзано темпо бидејќи на свое тло има сѐ што ѝ е потребно за правење моторни возила. И да не ве чуди што во последно време на „удар“ се лимузините, најомилената каросерија на Кинезите. Не за џабе, БМВ само за кај нив прави серија тројка со подолго меѓуоскино растојание.


Едно од нивните најнови достигнувања е „нежа с“, класика од лимузина со речиси кралски димензии – должина 4.980 mm, ширина 1.980 mm и 1.450 mm висина, додека меѓуоскиното растојание брои точно 2.980 mm. Тоа значи дека „нежа с“ е директен конкурент на лимузините од високата класа. Кога на ова ќе го додадеме и одличниот коефициент на отпорот на воздухот од 0,216, тогаш ни станува јасно дека Кинезите многу добро навлегле и во тајните на аеродинамиката, наука за движење на тела во флуиди.


Лимузината е целосно електрифицирана и според производителот со едно полнење батеријата е способна да го напојува возилото цели 715 км. Но во понуда е батерија која гарантира 1.100 км возење. Овие бројки важат за изведбата со погон на задната оска која од 0 до 100 км/ч забрзува за 6,9 сек. Моделот со погон на сите тркала има два електромотори со вкупна силина од 462 КС и од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,9 сек. додека крајната брзина е ограничена на 170 км/ч. Оваа изведба со истата батерија изминува 650 км.


„Нежа с“ е веќе во продажба, а производителот најавува луксузна изведба со „ламборџини врати“, 1.216 ватно озвучување кое излегува од 21 звучна кутија и уште многу други додатоци. Оваа изведба наречена „јаоши“ ќе биде произведена  во серија од 999 примероци со почетна цена од 51.000 долари, а продажбата ќе започне во јули.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.