Мотокрос-ДОМИНАЦИЈА НА ИЛИОСКИ, ЃОКОВИЌ БИ МУ ПОЗАВИДЕЛ

15/11/2023

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА КОГА СМЕ СВЕДОЦИ КАКО ГОЛЕМИТЕ СПОРТСКИ ИКОНИ ЈА ИСПИШУВААТ ИСТОРИЈАТА ОСВОЈУВАЈЌИ ТРОФЕИ: ЛЕО МЕСИ ВО ФУДБАЛОТ, НОВАК ЃОКОВИЌ ВО ТЕНИСОТ, НО И ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ ВО МАКЕДОНСКИОТ МОТОКРОС

 

Мотокрос возачот Христијан Илиоски  Кико на крајот од октомври со победа на патеката Севлиево во Бугарија ја заокружи фантастичната сезона од БМУ Европскиот шампионат, стигнувајќи до вкупно 18 победи. Битолчанецот Илиоски настапуваше во „отворената класа“ МХ, каде што право на настап имаа и оние од МХ1 и МХ2, односно мотори со зафатнина од 250 или 450 сантиметри кубни, но со поинаков сет на електроника.

Овој шампионат е во организација на БМУ (Балканската мотоциклистичка унија), која го промовира овој спорт во регионот.

Официјалното Европско првенство е само една трка, оваа година во Белгија, и буџетот кој е потребен за настап таму е огромен, па затоа се одлучив како и многу други да настапувам во регионалниот шампионат.

Искрено, потешка година не сум имал, иако ги освоив сите победи. Успеав да ги направам овие успеси благодарение на моите поддржувачи, пред се „ГП Пелистер“, бидејќи на трките ги трошиме, ги амортизираме моторите и постојано мораме да инвестираме во нова машина, во нови делови. На спортски план, имав притисок од Ѓорѓи Царев од Бугарија, беше одлично подготвен, возеше со новиот бренд од семејството КТМ, ГасГас, но за моја среќа не беше присутен на сите трки, па тоа малку ми ја олесни работата, вели популарниот Кико.

Воедно, Илиоски како член на Мотокрос клубот „Пелистер“, ја надополни одличната сезона со рекордна 12 титула во државното првенство, каде што стигна до вкупно 102 победи во кариерата.

Извозени 18 трки и освоено на сите прво место. Многу подвизи на почетокот да се издржи 2023 сезоната, но секогаш со многу верба, среќа, радост и работа да се истраe. Во државниот македонски шампионат до рекордни победи 102, напиша Илиоски на социјалните мрежи.

За разлика од другите натпреварувања, македонскиот шампионат во мотокрос активно се одржува, а во него веќе има и нови имиња и млади таленти кои го „учат занаетот“ од Илиоски, а нивната иднина допрва доаѓа.

 

Александар Табаковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.