MITSUBISHI COLT-„КОЛТОТ“ СЕ ВРАЌА ВО ИГРА

21/04/2023

Малите автомобили отсекогаш привлекувале најголемо внимание, независно дали за нив се пишувало во јавните гласила или биле изложувани на саеми. За нив можеме да раскажуваме со денови, но на едно нешто ќе ве потсетиме. Кога Фолксваген беше во кал до гуша, од таа состојба се извади со моделот „голф“ кој денес е еден од најпосакуваните автомобили, а производителот стана еден од најмоќните во светот на четирите тркала. Очигледно Митсубиши и на него сличните не ја научија лекцијата за малите модели и сега се таму каде што се.

Цела деценија ни трага ни глас од популарниот модел „колт“ и сега одеднаш најавуваат светска премиера за 8 јуни, а ќе се произведува во Бурса, Турција. Последен пат овој модел беше виден во 2014 и оттогаш штама. Колку за информација, таа генерација во времетраење од 10 години, од 2004 до 2014 година, беше продадена во над 400.000 примероци.

Бидејќи сега Митсубиши е во состав на алијансата Рено Нисан Митсубиши, новиот „колт“ ќе ја користи основата од „рено  клио“. Официјалните извори велат дека новиот „митубиши колт“ ќе располага со три погонски единици, 1,0 л. атмосферски со 66 КС, 1,0 турбо со 90 КС и 1,6 литарска, хибридна со два електромотори и вкупна силина од 143 КС. Да, бензински се сите, а дизел изведбата воопшто не се спомнува, барем засега е така, ќе видиме што ќе донесе иднината.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.