„Микрата“ е еден од најспомнуваните модели од Нисан и еден од најпосакуваните од страна на купувачите. Моделот за првпат се појави пред 38 години и постигна врвни продажни резултати посебно со втората генерација (1992 година) која ја освои европската титула Автомобил на годината во 1993 година. Тоа е првиот јапонски автомобил носител на прeстижната титула што се доделува секоја година на континентов. Дури и за денешно време таа втора генерација е современа затоа што под „хаубата“ има ферариевски мотор во смалени димензии и подвозје за кое многу лимузини можат само да сонуваат. Токму таа совршеност ѝ ја донесе европската титула која претходно ја спомнавме, а покрај неа освои уште три големи награди, едната за дизајн, а другите две како најдобар автомобил во матичната земја.
Што имаме сега? Новопретставената „микра“ е редизајн на петтата генерација за првпат претставена на Салонот за автомобили во Париз во 2016 година. Новата понуда на подмоделите е збогатена за уште две „н дизајн“ и „н спорт“ покрај веќе познатите, „виста“, „ацента“ и „текна“. Тоа е тоа со нивото на опрема на редизајнираната микра заедно со „нивото“ на силината од моторите. Овде треба да се напомне замената на 1,5 литарскиот со трицилиндричниот турбо 1,0 литарски мотор кој ги задоволува еуро 6 нормите и секако дополнување на сериската опрема посебно со најсоврeмените електронски чуда со нагласување на тие задолжени за безбедноста.
Продажбата на редизајнираната петта генерација од моделот „микра“ ќе започнува веднаш, најнапред на пазарите кои се од витално значење за Нисан, а веднаш потоа и во останатите региони.
Жарко Атанасоски