МИЛАНО И МОНЦА-ОТВОРЕН АВТОМОБИЛСКИ БАЛ

13/06/2021

Поради познатата состојба во светот во изминативе две години, масовните манифестации кои редовно се одржуваа во затворен простор беа откажани, а меѓу нив и тие посветени на автомобилите.

Градот Милано во соработка со увозниците на автомобили, мотоцикли и останатата придружна индустрија, ќе приреди една „мини“ саемска манифестација, поинаква од досегашните. Ќе бидат присутни повеќе од 60 марки кои се непосредно или посредно вмешани во индустријата на моторните возила. Локацијата каде ќе се одвива изложбата е центарот на Милано, односно под отворено небо. На случајните минувачи и тие што намерно ќе ја посетат изложбата, доколку сакаат, ќе можат да се запознаат со автомобилската индустрија од нејзините почетоци, од возилото на водена пареа на Кињо до возилата на Дајмлер и Бенц и периодот по нив се до денешно време, а на друг плоштад во непосредна близина ќе бидат изложени возила со електричен погон и на публиката ќе и биде објаснето во детали која е разликата помеѓу досегашните со ото и дизел мотор и електричните, но и други поединости за кои публиката ќе има прашања.

Покрај изложбениот карактер на изложбата, истата ќе има и некој вид образовен, публиката да дознае што повеќе за автомобилската индистрија и за денешната електрификација на моторните возила. Тешко на тие што ќе објаснуваат, затоа што тој народ таму живее со автомобилите и мотоциклите повеќе од еден век и многу добро знаат што е автомобилска индустрија, а згора на сè имаат изградено и сообраќајна култура на завидно ниво. Покрај последните новитети ќе бидат прикажани и старите, легендарните модели без кои не се може на вакви манифестации. Тоа ќе се случува во Милано, а во Монца  ќе бидат возени некои од моделите, како најновите така и постарите.

Следниве марки се пријавени за учество на изложбата: Алфа Ромео, Априлија, Ауди, Автобили Ламборџини, Бентли, БМВ, БМВ Моторад, Бугати, Кадилак, Цитроен, Купра, Далара, ДР, ДС, Дукати, Енел Икс, ЕВО, Ферари, Фиат, Форд, Гаража Италија, Харли Дејвидсон, Хелбиз, Хјундаи, Хонда, Јагиар, Џип, Кавасаки, Киа, Ланча, Ленд Ровер, Лексус, МАК Вилс, Масерати, Мазда, Мекларен, МГ, Милитем, Мини, Митсубиши, Моле Автомобилс, Мото Гуци, МВ Агуста, Опел, Пагани, Памбуфети, Пежо, Пирели, Порше, Рено, Сеат, Сеат МО, Шкода, Сузуки, Тацари ЕВ, Тојота, Фолксваген и Зеро Моторсајклс. Списокот на изложувачи не е целосен. Има и такви кои се пријавуваат за учество во последен момент. И една напомена, фотографиите се од минатите изложби.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.