МИ-ДА ГРАНД МОТОРС-MUSTANG MACH-E Е ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН FORD ВО НАШАТА ДРЖАВА

07/11/2022

На македонскиот пазар пристигна првиот целосно електричен спортски автомобил со високи перформанси во историјата на Ford, моделот Mustang Mach-E кој отсега се нуди во директна продажба во салонот на импортерот за возилата од гамата на Ford, Ми-да Гранд Моторс во Скопје.

На официјалната презентација пред македонската јавност, присутните се запознаа со овој легендарен модел кој претставува историски доказ за развојот на автомобилизмот и преминот во ерата на електрични автомобили. Mustang Mach-E се дефинира како комплетно електричен компакт – кросовер – SUV кој носи батерија од 98.8 kWh и овозможува возење дури до 540 км со едно нејзино полнење. Полнењето на батерискиот систем може да се изврши во домашни услови и на брзи полначи кои можат да испорачаат моќ до 150kW.

Моделот, Mustang Mach-E е инспирирано од првиот Mustang кој се нарекувал Mach-1. Симболично сега беше презентиран првиот електричен Mach-E, кој  покрај очигледниот стилски израз претставува добро дизајниран кросовер што се карактеризира со агресивен преден дел, целосно затворена решетка, опкружена со тенки LED единици за осветлување и спортски браник. Движејќи се кон задниот дел, кросоверот се карактеризира со кровна линија која потсетува на купе модел и нежно заоблени површини. Задниот крај се одликува со светлосни склопови кои наликуваат на традиционалниот Mustang, црн спојлер поставен на задната врата, како и црн долен браник.

Кога станува збор за ентериерот, пред самиот возач поставен е мултифункционален управувач со логото на Mustang, 10,2-инчен дигитален инструмент панел, додека, пак, десно од него се наоѓа 15,5-инчен инфозабавен систем со екран на допир. Внатрешноста, исто така, се карактеризира и со материјали со  изразено висок квалитет и напредни дизајнерски потези.

„Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа каде, до 2024 година, се планира да се лансираат девет комплетно  електрични модели. Како официјален импортер и сервисер, компанијата Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија“, рече Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.