Мерцедес Бенц ЦЛА – Мерцедес со нова генерација „ЦЛА“

01/02/2019

Мерцедесовата ниска класа најнапред се формираше со „а“ класата. Првата беше еднопросторна изведба, за потоа да биде понудена класична комбилимузина. Неодамна се појави најновата генерација од „а класата“ и како што нештата одат во Мерцедес, следи и „лумузинска“ изведба. Во 2013 година се појави првата генерација од моделот „цла“. Генерално производителот е задоволен од досегашната продажба, како што вели, продадени се над 750.000 единици.
Новата генерација од купе лимузината „цла“ за прв пат беше претставена во Лас Вегас на саемската манифестација ЦЕС, а отсуствуваше од Салонот за автомобили во Детроит (14 до 27 јануари) што е повеќе од чудно за Мерцедес. За нас купе лимузина „цла“ е важна затоа што во создавањето учествувал и Македонецот Славче Таневски кој е дел од дизајнерскиот тим во Мерцедес.

„Мерцедес бенц цла“ поседува несекојдневен дизајн, попознат во автомобилската индустрија како „купе лимузина“. Тоа купе кажува дека има нешто и спортско во линијата, односно не е само лимузинска. И како што секогаш бива во редовите на Мерцедес, втората генерација од моделот „цла“ носи подолг список од бензински и дизел мотори чии силини се пренесуваат на предната оска преку обичен или седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Погонот „4 матик“, исто така, ќе биде во понуда, каде погонот на сите тркала се вклучува по потреба.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.