КОГА ЌЕ СЕ СПОМНЕ ЛИМУЗИНА ОД КЛАСАТА „С“ ВЕЌЕ Е ПОЗНАТО, ГОВОРИМЕ ЗА МАРКАТА „МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ“ И СЕ НИ Е ЈАСНО, ЗАТОА ШТО ТОА Е АВТОМОБИЛ ОД ГОРНАТА КЛАСА ВО КОЈА ЛУКСУЗОТ ИГРА ГЛАВНА УЛОГА. НО КОГА НА ТОЈ ИСТ АВТОМОБИЛ ОД КЛАСАТА „С“ МУ Е ДАДЕНО ИМЕМЕТО „МАЈБАХ“, Е ТОГАШ НЕШТАТА ДОБИВААТ ФРУГА ДИМЕНЗИЈА, А ЛУКСУЗОТ СТАНУВА УНИКАТЕН.
Има една вистина што се спомнува, тие што купуваат скапи автомобили не им е сеедно кога ќе видат некој на улица со ист автомобил како нивниот. Конкретно „мерцедес – бенц с 650“ е сериски автомобил со долг список од сериска и дополнителна опрема, скап е, но не е тоа тоа, затоа што е сериски и многумина може да го имаат. Најверојатно, затоа производителот нуди несекојдневна лимузина и тоа само за пазарот во САД. Истата лимузина ја нуди со наставка „мајбах“ и сега лимузината го добива името „мерцедес мајбах с 650“. За нагласување на уникатноста, лимузината ќе биде произведена во само 15 примероци и тоа го нагласува во името со „најт едишн“, односно „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“.
Ако се само 15 примероци, а толку се според изјавите на производителот, јасно е, моделот ќе го поседуваат само 15 мина во држава со скоро 270 милиони жители и можноста да се сретнат некаде е многу мала. Оваа загарантирана уникатност ќе ги чини сопствениците 250.000 долари, а колку за информација, „обичната“ лимузина без наставката „мајбах најт едишн“ чини 200.000 долари.
Што е толку поинаку од обичната до посебната изведба за разликата да биде 50.000 долари? Изработката, материјалите, пардон, грижливо одбраните материјали, не прва класа, туку вон класа, врвни парчиња од материјали, најдобрите што може да ги понуди светот. Сето тоа е вградено во „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“ и како додаток имате и порцелански детали, а за кожни и дрвени, тоа во мајбах е секодневие, за тоа воопшто не треба да се зборува.
Во официјалниот извештај е нагласено, цитираме: „снабден е со рачно правен 6,0 литарски V12 мотор….“. Не било каков туку рачно направен и продолжува со два турбо компресори кои помагаат да се извлечат 621 КС потребни да забрза од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди. Списокот на опрема во внатрешноста почнува со можноста да бирате каков амбиент сакате во задниот дел од автомобилот. Диодите овозможуваат 64 бои на осветлување и 64 бои на внатрешноста, така што останатото зависи од вас. Удобноста во кабината е надополнета со тридимензионалното абиентално озвучување „барместер“, двата 12,3 инчни екрани осетливи на допир, со масажа и вентилација во седиштата и што уште нè.
Подвозјето е врв од достигнување. Со воздушните перничиња кои играат улога на амортизери управува систем наречен „ерматик“, кој го следи теренот (подлогата на која се вози) и начинот на возење, а потоа системот ги ускладува сите податоци и ја подесува суспензијата на најоптимално ниво. Сета оваа работа ја контролира системот „меџик боди контрол“, за автомобилот да „лизга“ по асфалтот како во море од масло, или како што велат италијанските морнари „бонаца“. Тука е и пакетот од безбедносни помагала „дап“ и системот за ноќна видливост наречен „нвап“. И да, туку има место за дополнителна опрема што вам ви се допаѓа. Конкуренција на „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“ се лимузините од Бентли и Ролс Ројс, „флаинг спар“ и „гоуст“.