MERCEDES-BENZ V-CLASS MARCO POLO-МЕРЦЕДЕС И МАРКО ПОЛО

04/09/2023

Да, и Мерцедес беше присутен на саемската манифестација Дизелдорф Караван Шоу. Има што да покаже производителот од Штутгарт, комбињата „в“ и „т“ класа. Овој пат тоа беа изведбите „марко поло“, наменети исклучиво за патувања, за одмор, за викенд забава или за одмор во природа каде вам ќе ви се посака.

 

„В класата“ е повеќе наменско возило кое овој пат е преуредено за тие што сакаат и најмала авантура. Не дека „в класата“ е уредена спартански и е наменета само за авантури, всушност е комбе со ергономски уреден простор, како да е мал стан во кој има сѐ и се разбира, сето тоа е измешано со мирисот на луксузот и амбиентално светло со 64 бои.

За да биде спиењето што поудобно, конструкторите ја искористиле воздушната амортизација наречена „ерматик“ која автоматски се самонивелира и сега сопствениците ќе немаат проблем ако возилото е паркирано на нерамно место. За разлика од В класата, Т класата е помала, располага со помал корисен простор и малку и фали од луксузот, но затоа е рационална во секој поглед. Ова возило е добро за тие на кои луксузот не им значи речиси ништо. Иако просторот е значително помал од тој во поголемото комбе, сепак е искористен до крајни граници со многу практични досетки.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.